Денес за вас имаме подготвено сладолед на стапче-природен и освежителен рецепт, едноставен за подготовка.
Состојки:
-1 1/2 чаша/360 мл. Сирова кокосова вода
-сок од еден голем исцеден лимон
-кора од еден лимон
-2 киви, излупени и исечкани на четвртинки
-2 бели праски или нектарини, тенко сецкани
Се прават од 8-10 сладоледи.
Тотално време за подготвување- 2 часа и 15 минути.
Начин на подготовка:
Измешајте ги заедно кокосовата вода, сокот и кората од лимонот.
Наместе ги овошјата во калапите за сладолед и потоа прекријте ги со мешавината од кокосова вода и лимон.
Ставете ги дрвените стапчиња и покријте ги со капак или фолија. Замрзнете ги додека не станат цврсти.
Ставете ги калапите под млака вода на кратко за да се одвојат сладоледите од калапот.
Сервирајте.
Пријатен апетит.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот