Слушалките ја уништуваат косата

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Знаеме дека големите чанти за на рамо, освен што го уништуваат нашиот грб, ја уништуваат и косата која знае да се заплетка во прерамката.

Но, последните истражувања на експертите покажуваат дека и слушалките на кои ја слушаме нашата омилена музика можат да ја уништат нашата коса.

Познатите стилисти за коса објаснуваат дека слушалките за музика (кои се ставаат преку целата глава) можат да доведат до долготрајно уништување на нашата коса.

Тие потенцираат на тоа дека кога пешачиме и слушаме музика без да се грижиме за било што, слушалките се поместуваат напред-назад на главата без ние да го забележиме тоа.

Ова предизвикува оштетување на фоликулите на косата и со тек на време доведува до проретчена коса.

Стилистите сметаат дека вашата коса е посебно изложена на ризик доколку е сува или бојадисувана или премногу чувствителна и кршлива. Тие предлагаат да ја фатите косата во репче пред да ги ставите слушалките и да користите балсам за коса за да бидете сигурни дека слушалките се лизгаат преку косата а не дека се заплеткуваат и ја корнат или употребувајте слушалки кои се ставаат директно во увото.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар