Лондон е популарна дестинација за сите љубители на патувањата, но и за оние кои бараат ново место за живеење. Како и секој град, така и Лондон има свои негативни и позитивни страни на кои треба да внимавате. Ние решивме да ги издвоиме најважните за вас, ако сте решиле да почнете нов живот таму.
Ако доаѓате од земја како нашата, навиките при возење со ескалатор сигурно ги имате заборавено или ненаучено, од едноставна причина што кај нас никој не внимава на правилото на возење и движење по ескалаторот. Во Англија, стоите на десната страна ако не ви се брза, а движете се по левата страна на скалите односно секогаш треба да има простор тие кои брзаат да можат да ги одминат останатите.
Очекувајте да бидете збунети и изгубени на почеток, што се однесува до јазикот. Причината за тоа е што не секој локален сленг можете да го преведете, а уште помалку да го разберете на почеток.
Немојте да јадете на исто место два пати. Овде имате огромен избор на различни кујни во кои ќе уживате.
Не мора секогаш да го користите метрото. Користите го и надземниот превоз кој е многу точен и прецизен, а вие ќе имате шанса да го запознаете градот подобро.
Уживајте во сонцето во Лондон. Зошто? Затоа што го нема секој ден. Користете ја секоја прилика за тоа.
Прошетајте ги музеите. Лондон има одлична понуда на изложби, а најголем дел се бесплатни.
Земете си куче. Овој град е пријателски настроен кон кучињата, а тие се најдобрите пријатели на луѓето и ќе ви прават друштво.
Секогаш гледајте да излегувате навечер, да запознавате луѓето. Лондон има одличен ноќен живот.
Колку што можете, не го користете телефонот, без разлика дали станува збор за селфи, за друг вид на фотографирање, зборување постојано со домашните…Ја пропуштате убавината на градот.
Во Лондон најдобро поминува социјалниот разговор за времето. Тие се љубезни и секогаш ќе ви одговорат како што треба.
И не заборавајте дека за секоја промена во животот треба време. Затоа, дајте си ВИЕ време да се навикнете и да уживате во промената, а потоа во животот кој сами ќе го создадете.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот