Сакате да се дружите со милионери? Преселете со во Монако

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Постојано слушаме за милионери, за нови бизнисмени чија заработка е вивната во облаците, за луѓе кои се на листата на Форбс за најбогати во светот. Дали знаете во кои градови живеат најголем дел од милионерите во светот? Прочитајте во продолжение.

Речиси една третина од популацијата во Монако се во класата на милионери, бројка која е порасната за 6% во последните две години, покажа истражување кое го пренесува CNN.

Цирих и Женева се веднаш зад Монако. Во Цирих еден од четворица жители е милионер, а во Женева размерот изнесува еден од пет жители.

Во истражувањето се вклучени луѓето со конто од 1 000 000 милион или повеќе.

Њујорк е единствениот град во првите пет на листата кој не припаѓа на Европа. Тука еден од 21 жител е милионер, со тоа градот е на четвртото место.

Лондон е рангиран петти со еден од 29 жители.

На шесто место е норвешки Осло, седмо Хонг Конг, на осмо Франкфурт, Сингапур на деветто и Амстердам е десеттото место.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.