Kако може да знаете дека некој е паметен?

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Ако немате IQ тест пред вас за да испитате нечија интелигенција, сепак постојат неколку начини како да го забележите тој факт, барем така велат истражувачите.

Преку комбинација од истражувања низ годините, издвоени се следниве знаци:

Ако некој земал часови по музика

Истражувчите тврдат дека музиката им помага на децата да се развијат многу побрзо, односно умот е поотворен за нови информации и развој.

Најстарото дете

Првите деца во семејството најчесто се најпаметни, но секако дека и генетиката има улога во сето тоа.The New York Times пишуваше за истражување од 2007 година во кое се тврди дека најстарото дете од сите има значајна предност при мерењето на IQ.

Ако личноста е физички тенка

Резултатите од истражување направено на 2200 луѓе во 2006 година, велат дека во период од пет години, каде е забележана намалена телесна тежина, процентот на IQ расте.

Ако личноста била доена како бебе

Луѓето кои биле доени како бебиња имаат поголеми шанси да бидат попаметни од останатите, заради здравствените предности кои мајчиното млеко ги има - се вели во едно истражување од 2007 година, пишува Бизнис Инсајдер.

Висината

Истражување спроведено на Принстон во 2008 година покажало дека високите личности имале подобар резултат на индивидуалните тестови како деца, а како возрасни заработувале и повеќе пари од останатите.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.