Самопочитта е нешто на кое сите мора да мислиме често. Од особена важност е да забележите како се гледате себеси, како се претставувате на светот и начинот на кој ве третираат другите и вие самите.
Чувството на гордост и самодоверба е незаменливо. Ако не се прифатите себеси, ако не се почитувате и сакате со цело срце, тогаш кој би?
Ако се согласувате, погледнете ја листата подолу и престанете да ги правите овие нешта на себеси…
1. Не верувате во себе
Имате соништа, цели за кои не верувате вистински дека можете да ги постигнете. Не верувате во својот потенцијал. Не верувате дека сте доволно добри.
2. Дозволувате стравот да ве води
Стравот е најголемиот непријател во исполнувањето на целите за кои се борите, за нештата во кои верувате. Му дозволувате на стравот да ги уништи сите ваши надежи и желби. Останувате заглавени во неговата темнина.
3. Се чувствувате несакано
Како целиот свет да е против вас. Изгледа како никој да нема време за вас, никој не ве слуша, подржува или грижи за вас. Никој не обрнува внимание. Опкружени сте со негативна енергија. Се чувствувате несфатено и осамено. Се чувствувате како неуспех.
4. Се обвинувате себеси
Се доживувате како виновник за се лошо што се случува околу вас. Секогаш се извинувате повеќе од потребното или кога воопшто не е потребно. Се обвинувате за нешта кои се вон ваша контрола.
5. Ги криете вистинските емоции
Одбирате да носите различна маска секој ден. Го покажувате на светот секое, само не вашето вистинско лице. Ги криете емоциите под тепихот, како да се погрешни.
6. Опседнати сте со физичкиот изглед
Никогаш не сте задоволни од тоа што го гледате во огледалото. Барате совршеност и се форсирате себеси секогаш да изгледате беспрекорни.
7. Завршувате во отровни врски
Тоа ви предизвикува многу болка и не сте среќни. Вашиот партнер се однесува лошо и знаете дека ништо нема да се промени, дека тој пат не води никаде. Но, сепак прифаќате да живеете така.
8. Работите професија која ја мразите
Правите нешто што реално не го ни сакате. Ве иритира. Постојано сте под стрес, чувствувате притисок. Депресивни сте. Сепак, се убедувате себеси дека со тек на време ќе ја засакате работата и ќе бидете среќни.
9. Никогаш не го кажувате своето мислење
Попрво би се заклучиле во кафез, отколку искрено да го искажете својот став и мислење. Се грижите дека вашето мислење ќе биде погрешно сфатено или ќе предизвика конфликт. Затоа, молчите. Дури и во ситуации кога е потребно да се изборите за себе.
10. Премногу сте амбициозни
Си поставувате цели и искрено сакате да ги постигнете. Но, кога ќе го направите тоа не знаете да застанете. Сакате се повеќе и повеќе - повеќе отколку што навистина можете. Потоа, чувствувате фрустрација кога ќе сфатите дека не секоја цел е реална и возможна за постигнување.
11. Туѓите потреби ви се приоритет. Секогаш
Ги ставате сите пред себеси и давате безусловна љубов, притоа заборавајќи дека и вие сте човечко суштество кое има свои потреби.
12. Се споредувате со другите
Зависите од туѓите постигнувања. Се чувствувате добро ако тие не се подобри од вас, а лошо кога тие имаат нешто што вие немате. Неретко тие во вашите очи се подобри, поубави и поуспешни. Се сомневате во сопствената вредност.
13.Озборувате
Уживате во драматични ситуации, обожавате скандал. Изигравате детектив чија примарна цел е да ги открие туѓите тајни. Ја пренесувате секоја сочна приказна и живеејќи нечиј туѓ живот, го запоставувате сопствениот.
14. Не сте свои
Се изгубивте себеси, вашиот сопствен идентитет. Не сте повеќе истата личност. Им дозволувате на другите да ве потценуваат. Не се грижите за тоа дали луѓето ве ценат и почитуваат.
Немојте да си го правите ова на себеси. Ниедна од овие работи - НИКОГАШ!
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.