11 животни лекции од Том Форд

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Тој сигурно е еден од најфантастичните луѓе во модната индустрија. Важи за голем дизјанер и човек кој ја има променето модната индустрија, првиот пат работејќи за познатиот бренд „Гучи“ , а вториот пат основајќи бренд со свој личен печат - Том Форд.

Тој е талентирана личност кој исто така беше номиниран за Оскар по режирање на само еден филм. Покрај тоа можноста да биде уредник на списание му овозможува да се спријатели со сите холивудски актери, ама и со ѕвездите од модната индустрија.
Медиумите го опишуваат како нормална и пријатна личност која не ги истакнува своите достигнувања.

Том вели дека има 11 животни лекции кои постојано ги следи и споделува со сите:

„Таинственоста гради интриги и популарност“
Дизајнерот покани само 100 луѓе да ја видат неговата пролетна колекција во 2011 година, која се одржа во неговото ателје за машка гардероба на познатата авенија Медисон, наместо во Линколн Центарот. Бијонсе, Дафне Гинис, Џулиен Мур и многу други негови пријателки се најдоа во улога на модели со оглед на тоа дека настанот ексклузивно беше фотографиран од страна на познатиот моден фотограф Тери Ричардсон. Фотографиите се чуваа тајно сè додека не беа објавени во списанието „Spring“ и станаа вистински хит.

„Одговорот треба секогаш да е „Да“ “
Од неговата поранешна соработка за брендот „Гучи“ (вклучувајќи го и оделото кое го носеше Гвинет Палтроу) па сè до последна колекција, плишот остана негов омилен материјал.

„Секогаш трудете се да изгледате како да сте на одмор“…
Или барем мирисајте како да сте… Том Форд се стекна со неверојатна популарност со лансирање на парфемот „Neroli Portofino“, инспириран од италијанската ривиера.

„Без јакна, никаде!“
„Се родив со јакна. Бев единствено дете на 3 годишна возраст што се шеташе со јакна префрлена на едно рамо во маалото каде што живеев“ - изјави дизајнерот за Њујорк Тајмс.

„Не ги имајте на ум очекувањата и правилата на другите луѓе“
Смелиот дизајнер се одлучи својата најнова колекција да ја промовира во Лос Анџелес наместо во Лондон и тоа за време на Лондонската модна недела. Но, ова не ги запре уредниците да “летнат” за Лос Анџелес.

„Запознајте го сопствениот бренд“
Во интервју за “Harper’s Bazaar” во 2014 година, Том ја илустрираше разликата помeѓу жената која носи „Гучи“ и жената која носи „Ив Сент Лорен“ облека:

„И двете дами може да бидат преубави и од прилика на иста возраст, може да се имотни и сексуално достапни, но „Гучи“ жената е слатка и навина, таа би звучела вака:
„Ти си супер тип, ајде да поминеме на главната работа“, додека пак жената на „Ив Сент Лорен“ би била поперверзна и луда.

„Секогаш со смокинг“
Форд прегледувајќи ги архивите на брендот „Сент Лорен“ го врати назад познатиот „Le Smoking“ во бела боја во својата пролетна колекција во 2001 година.

„Не постои зборот премногу, само повеќе и повеќе!“
Со враќањето на сопствениот бренд, Форд промовираше минималистичкиот стил. Но, подоцна тоа не претставуваше проблем за дизаjнерот да продолжи со креирање на светкави парчиња, како што беше и зебрастиот фустан на Ријана од есенската колекција за 2013 година.

„Живејте по правилото на бројот 4“
„4 часа спиење и 4 часа во када со купка секојдневно е трик да одржите баланс на умот и телото“- вели Том.

„Малку сензуалност гарантира добри резултат“
Форд за „Гучи“ најчесто создаваше заводлив изглед на жена. Тој водеше полемика со Марио Тестино и Карин Роитфилд дали е паметно да направи голема кампања за брендот во средината на двесеттите со задолжителна доза на сензуалност. И сите ја помниме кампањата каде моделите позираат со спуштена долна облека. Оваа кампања ја зголеми продажбата на „Гучи“ неверојатни 90%.

„Кога се двоумите за изгледот погледнете ја Гвинет Палтроу на Оскарите“
Кога се двоумите што да облечете, погледнете го изгледот на Гвинет Палтроу на Оскарите пред 3 години.
Ова не може да се заборави, нели?


При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.