10 тајни кои медицинските сестри не смеат да ви ги кажат

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Секоја професија има свои тајни, но бидејќи од работата на медицинските сестри зависи нашиот живот, така и нивните тајни се строго доверливи.

Нивната работа воопшто не е лесна, бара хуманост, трпение, но и способност да чуваат тајни, всушност, во болницата тие се чувари на тајните. Тие можат да ни откријат детали за нашето лекување како и информации за луѓето кои не лечат.

Некои од нивните тајни се анонимни, кои секако би сакале да им ги кажат на своите пациенти, но би смееле за да не го нарушат угледот на болницата, да не ја доведат во ризик нивната работа.

Ова се нивните тајни:

1. Не смееме да ви кажеме дека докторот е неспособен дури и ако тоа е вистина. Затоа ако ви кажеме да побарате и друго мислење тоа е всушност тајна шифра. Сметаме дека некој друг е покомпетентен да ви помогне при решавање на вашиот проблем.

2. И докторите се луѓе и факт е дека понекогаш ноќните смени ги ублажуваат со алкохол, и други зависности. Но, не е наша должност да ве известиме за тоа. Ако сте незадоволни, побарајте друг доктор.

3. Не лажете колку ве боли. Ако имаме пациентка која се смее додека се допишува на мобилниот, а потоа вели дека има итна потреба да посети доктор бидејќи има силна болка, сигурно нема да ја сфатиме сериозно. Понекогаш баш таквите симптоми делат некого од живот или смрт, што значи навистина немате потреба да лажете за тоа колку ве боли, бидејќи можете да си наштетите само на себе.

4. Викањето и заканите само вам ви штетат. Се што бараме од вас е нормално однесување, за да може и ние нормално да си ја извршиме нашата работа.

5. Болниците се полни со бактерии, и тоа од оние опасните, болниците едноставно не можат да бидат стерилизирана околина. Затоа голем број од нас не ги ни носат дома чевлите со кои работиме. Имајте го тоа на ум и користете ги средствата за дезинфекција кои се поставени таму со причина.

6. Не лажете за вашата терапија. Мора да ни кажете точно се што користите бидејќи контрадикциите од употреба на терапиите можат да бидат навистина опасни.

7. Не сакам да ви ги кажам резултатите од испитувањата. За тоа е должен вашиот доктор, не јас. Не сум злобна, глупава ниту неинформирана, но секоја работа има свои правила. Јас не сум тука за да ви кажам дали имате рак или не. Тоа ќе ви го соопшти оној кој треба да ве лечи. Ако ме прашате јас само ќе одговорам „ не знам “ иако знам.

8. Давањето мито нема да го подобри третманот или операцијата. Никој нема лошо да ве оперира бидејќи не сте го подмитиле, а нема смисла ниту да се задолжувате за ги потплатите докторите за она што веќе сте го платиле.

9. Да, голем број медицински сестри и доктори се во љубовен однос, што не е необично ниту за други професии, имајќи во предвид дека голем дел од времето го поминуваме на работа.

10. Најлош период кога можете да завршите во болница е Велигден и летната сезона. Во тие термини многу од врвните доктори се на летен одмор, па ги заменуваат малди и неискусни доктори. Избегнувајте ги операциите и третманите во оваа доба.

извор:korisnisavjeti24.info

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.