10 совети за подобро здравје и подобрена плодност од д-р Татјана Гуржанова, гинеколог-специјалист по хумана репродукција во клиниката за плодност New Born Clinic

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

10 совети за подобро здравје и подобрена плодност од д-р Татјана Гуржанова, гинеколог-специјалист по хумана репродукција во клиниката за плодност New Born Clinic :

  1. Свесно и планирано внесување на хранливи состојки.

Првиот оброк треба да биде најдоцна еден час после будењето, а во текот на денот да се има минимум 3-4 оброци кои ќе бидат на овој начин испланирани.

2. Практикувајте храна изобилна со бои.

Колку повеќе боја (природна) толку повеќе полифеноли и антиоксиданси, колку помалку боја во храната (бел леб, тестенини, бел ориз, компир) толку помалку антиоксиданси.

3. Од суплементи додавајте само Омега 3 масни киселини како ЕПА и ДХА кои ги има во рибиното масло.

4. Порцијата - оброк се дели на три дела: 1/3 немастен протеин и 2/3 зеленчук. Еден дел треба да е сочинет од немастен протеин (риба, месо-најдобро пилешко, јајце без жолчка или немастен млечен производ). Другите 2/3 од порцијата треба да бидат сочинети од зеленчук и овошје со што повеќе бои. Овошјето и зеленчукот ќе ви ја дадат потребната енергија и антиоксиданси.

5. Зеленчукот и овошјето треба да се со најразлични бои, бидејки боите во природата се полифеноли, кои се однесуваат како антиоксиданси во нашиот организам, и нема подобар начин од тоа да се внесат преку храната, а не со суплементи.

6. Протеините кои најмногу ги има во месото, рибата и јајцата, се основна градбена материја во нашето тело, а во сито време прават чувство на ситост, заради стимулирање на хормонот глукагон кој го снижува нивото на шеќер во крвта, и го стимулираат создавањето на хормонот пептид YY, кои намалуваат апетитот.

7. Изберете плодови со највисок антиоксидантен потенцијал,ORAC единици, на 100 гр:

  1. Сливи 5770
  2. Грозје (црно) 2830
  3. Боровница 2400
  4. Капина 2036
  5. Лук 1939
  6. Карфиол 1770
  7. Брусница 1750
  8. Јагоди 1540
  9. Спанаќ 1260
  10. Малини 1220

8. Дневно треба да се внесуваат окулу 3000 до 5000 ORAC единици, но тоа треба да биде од најразлично овошје и зеленчук не само од оние со највисок скор, бидејки се разликуваат по составот на полифенолите што ги содржат, како и витамини и минерали кои имаат своја значајна и незаменлива улога во одржување на здравје на нашиот организам.

9. Редовно, секојдневно и долгогодишно бавење со аеробна физичка активност (минимум 30 минути на ден до 1 час) и 2-3 пати неделно и физичка активност за јакнење на мускулатурата на телото.

10. Редовни прегледи и зголемена свесност за своето здравје.