Ѕвезда: Присуството на оваа карта го поставува прашањето дали во минатото можеби сте биле немирни или површни

0

На оваа карта за првпат се гледа гола женска фигура. Жена клечи покрај потокот сипувајќи вода од два црвени бокала. Млазот од едниот паѓа на земјата, хранејќи го секое семе, а од другиот се враќа во потокот. Аспектите на психата, кои претходно биле заробени во камените ѕидови на кулата, сега ослободени ќе слезат на земјата каде ќе почнат да функционираат на реален начин. Ликот на картата е човечки лик, без крилја, а садовите се гримизно црвени, симбол на физичката природа и човечките чувства. Зад и над централната фигура има седум разнобијни ѕвезди кои што се вртат околу централната – двојна ѕвезда. Во суштина, овој ѕвезден систем претставува сончево тркало или мандала. Во позадината има две зелени дрвја. На едното од нив седи птица. За разлика од орлите прикажани на кралските одори, оваа птица е жива, укажувајќи дека врската меѓу небото и земјата станала жива стварност. Живи се и дрвјата. Двете стебла чии што гранки крвареа крај Обесениот, сега веќе пуштиле гранки. Тие може да се поистоветат и со двете дрва во рајската градина. Дрвото на животот и Дрвото на спознанието за доброто и злото. Самиот јунак не се појавува на сликата. Тој за момент е изгубен. Кулата во која беше заробен повеќе не го поседува. Сега открил дека е никој. Може да се пронајде единствено со помош на оваа жена на картата. Таа е архетип на нашите најголеми длабочини. Често пати со неа губиме контакт, но кога егото е немоќно, повторно ја наоѓаме. Во психологијата на човекот, оваа жена ја претставува неговата анима, или несвесната женска страна.

 

Порака: Присуството на оваа карта го поставува прашањето дали во минатото можеби сте биле немирни или површни. Влијанието на ѕвездата е позитивно. Постепено ќе станете психички посилни. Бидете конструктивни, ова е погодно време за цврсти одлуки во вашата долгорочна иднина.

Подготови: Др. Тарот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.