Жртви на есенска депресија

0

Недостатокот на сончева светлина после летниот период резултира со промена на расположението кај метеоропатите, а депресијата станува најчеста појава.

Од 10 до 20 проценти од луѓето се класифицираат како метеоропати со симптоми како промена во расположенито, замор, песимизам, раздразливост и физички тегоби кои доаѓаат во согласност со временските услови.

Метеоропатијата не е измислена болест, туку докажана состојба која денес ја доживуваат голем број на луѓе заради брзиот начин на живот, високото ниво на стрес и намаленото време поминато во опуштена атмосфера, објаснуваат научниците.

Виновници за тоа се мозочните жлезди хипотламус и хипофиза, кои реагираат на промена на температурата во количината на светлина согласно со годишните времиња.

Сезонската депресија не е подложна на клинички третман, но многу од луѓето се препуштат на песимизмот кој ги тера да лежат во кревет и да се исклучат од светот. Научниците велат дека депресијата не би требало да се става само во психички тегоби оти тоа  е состојба која влијае на целиот организам. Најчестите симптоми се главоболка, желудечни тежини, тегоби во цревата заради прејадување или пак потополно избегнување храна, потоа болки во мускулите и зглобовите. Лекарите заради недостаток на време, како прва мерка што ја преземаат е препишување на антидепресиви, кои не се наменети за благо пореметување туку го тераат мозокот да креира лажна смиреност. Наместо лекови најдобар начин против есенската депресија е да се смени начинот на живот со природни препарати и здрави животни навики.

Редовна физичка активност е една од препораките, многу свеж воздух и многу сонце и светлина.

 При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.