Зошто животниот век на мажите е пократок отколку на жените?

0

Жените се судираат со поголем стрес, со поголем број хронични болести, поголема депресија, повеќе анксиозност и се повеќе и жртви на насилство. Жените заработуваат помалку од мажите и во многу земји тие ги немаат истите човекови права како и мажите.

И покрај социјалната нееднаквост, тие живеат подолго од мажите. Со ретки исклучоци, ова е правило речиси во сите земји.

На пример, во САД во 2015 година, жените работнички со полно работно време земаат 80 центи на секој долар заработен од мажите, што е разлика од 20 проценти поради полот. Сепак, животната добра на жените во САД е 81,2 години споредено со 76,4 години кај мажите.

Истражувајќи ги половите разлики, секогаш е фасицинантно да се види како овие фактори влијаат врз здравјето. И зошто жените живеат подолго, и покрај нивниот понизок социјален ранг и полошото здравје?

Дали е тоа чиста биологија?

Родот ги претставува социјалните аспекти на тоа да се биде жена или маж, како што се стресот, можностите и социјалните очекувања.

Полот, пак, се однесува на биологијата. Биологијата може да придонесе за разликата во животниот век. Жените имаат биолошка предност која им дозволува да живеат подолго.

На пример, хормонот естроген го намалува „лошиот“ холестерол, а го зголемува „добриот“ холестерол, со што пак се помали ризиците од кардиоваскуларни болести.

Машкиот хормон тестостерон, од друга страна, го зголемува нивото на „лош“ холестерол во крвта. Ова ги става мажите во зона на голем ризик од висок крвен притисок, болести на срцето и мозочни удари.

Кога станува збор за хронични болести, жените имаат повеќе типови. Но, жените и мажите имаат различни типови. Жените имаат повеќе нефатални болести, додека мажите повеќе фатални, т.е. опасни по живот.

На пример, жените имаат повеќе артритис, кој не може да ве убие, а мажите повеќе ризик од срцеви заболувања, кои се водечки причини за смрт, и се јавуваат 10 години порано отколку кај жените.

Жените се повеќе здравствено освестени

Студиите покажуваат дека жените главно се повеќе свесни за своето здравје и имаат поголемо сфаќање за физичките и менталните симптоми за некоја болест. Ова е резултат на поздравиот начин на живот и подобрата грижа за себе. Жените исто така подобро комуницираат за своите проблеми, што помага во процесите на побрзо дијагностицирање на болеста.

Да се биде маж значи да се одложува почетокот на лекувањето од кој било вид. Мажите не сакаат да се лекуваат и да пијат таблети. Овие работи колективно придонесуваат мажите да бидат поранливи на терпевтски неуспех.

Многу мажи исто така ја дефинираат грижата за своето здравје како нешто што е „женска работа“, а нездравиот живот и ризичното однесување ги сметаат за „мажествени“.

Ризично однесување и барање сензација

Тестостеронот ги става мажите под ризик не само биолошки, туку и во однесувањето. Тој ја зголемува нивната агресивност и како последица на тоа се поголемиот процент смртност во сообраќајни несреќи и во убиства.

Жените систематично го преценуват ризикот од кој било тип, а мажите пстојано го потценуваат. Овој образец на однесување е забележан кај сите примери: од преминување на улица, до ризик од вуклан, пушење или терористички напад. Кај пешаците, мажите ги прекршуваат правилата повеќе отколку жените. Кај возачите е исто, бројот на мажите кои се  несовесни во сообраќајот е поголем од оној на жените.

Ова е дел од желбата за превземење на ризици, потценување на опасноста, барање на сензација и тенденцијата да се биде импулсивен.

Мажите исто така се одговорни и за 4 од 5-те случаи на сообраќајни несреќи кои се случиле под дејство на алкохол или дрога.

Самоубиство

Во повеќето земји, поверојатно е дека мажите би извршиле самоубуство пред жените. Ова е поради фактот дека мажите користат повеќе методи со сигурен смртен исход, како што е ладно или огнено оружје. Во САД, на пример, повеќе самоубиства извршуваат белите мажи, што е и причина за порастот на смртноста кај средовечните мажи Американци.

Една од причинте за високиот процент кај мажите е поголемата стигма за псхолошките нарушувања и грижата за менталното здравје. Кога мажите ќе искусат стрес, кај нив се зголемува ризикот од депресија, за разлика од жените. Мажите не зборуваат за своите емоции и не бараат лек за својата здравствена состојба. Ова е повторно поврзано со сфаќањето на машкоста, родовите норми и социјалните очекувања од мажите.

Се на се, после сето погоре наведено, заклучокот е дека сепак е подобро да се родиш како жена во овој свет.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот