Зошто стануваме емотивни кога пиеме алкохол?

0

Алкохолот делува како седатив на централниот нервен систем. Од него зборуваме лошо, гледаме послабо, губиме рамнотежа. Но, најмногу од се, алкохолот го погодува делот од нервниот систем кој е задолжен за однесувањето и емоциите. Стануваме емотивни, се смееме или стануваме агресивни или пак плачеме без никаква причина.

Со внесување на една чаша алкохол во телото мал дел од него се апсорбира во крвта преку слузницата на желудникот, додека поголема количина заминува во тенкото црево каде се апсорбира. Потоа оди до црниот дроб, се преработува и се исфрла од телото. Но пред тоа, еден дел од алкохолот доаѓа до нашиот мозок. И тогаш сме официјално пијани.

Кога ќе стигне со мозокот, алкохолот се сместува во мозочната кора, односно сивата маса која го опфаќа малиот и големиот мозок, и е одговорна за обработка на сензорните информации и мисли.

Бидејќи алкохолот го спречува нормалниот проток на неуротрансмитерите, кога доаѓа до мозокот почнуваме да го чувствуваме неговото дејство. Првата работа на која почнува да делува е на способноста да премолчиме нешто или да не сториме, која полесно ја контролираме кога не сме под дејство на алкохол. Стануваме сигурни во себе и повеќе зборуваме.

Кога алкохолот навлегува во Лимбичкиот систем, емоционалниот центар на мозокот, доаѓа до прекин на сигналите помеѓу синапсите и поради тоа не можеме да ги интерпретираме податоците правилно.

Најчесто се манифестира преку погрешно толкување на туѓите намери (кавги при случаен поглед), недоразбирања (при разговор со партнерот) или пак едноставно, кажуваме работи поради кои наредниот ден жалиме.

Со оглед на тоа дека Лимбичкиот систем влијае и на памтењето, постои можност наредниот ден и да не се сеќавате на сите случки. (што некогаш и не е така лошо-особено ако сте праќале пораки кај бившите).

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот