Зошто шефот на LinkedIn никогаш не ги прави интервјуата за работа во канцеларија?

0

Која е разликата помеѓу интервју и испрашување?

Понекогаш, не многу голема. И двете може да бидат тензични во задушувачки простории каде што динамиката на моќ никогаш не му одговара на лицето кое одговара на прашањата. Значи, кога станува збор за интервјуа, можеби е време да се размислува “надвор од кутијата“.

Глобална анкета на 9.000 регрутери покажала дека повторното откривање на интервјуто е најдобрата идеја на многу професионалци за стекнување на таленти кои копнеат по нешто што ќе ја подобри нивната способност да ги оценува кандидатите и да создаде подобро искуство за истите.

Токму затоа, Брендан Броун, шефот на Linkedin за пронаоѓање таленти и вработување решил да го размрда овој процес.Одбрав повеќе никогаш интервјуата да не ги правам во конференциска соба, со тоа ќе го подобрам искуството на кандидатите кои доаѓаат“ – вели тој.

Брендан вели дека повторното откривање на процесот на интервју и создавањето на незаборавно искуство за вашите кандидати може да биде лесно. “Стани”, вели тој. “Уживај во прекрасната природа. Вдиши свеж воздух “. Прошетај.”

 Независно дали ќе прошетате внатре или надвор, бизнис истражувањето на Харвард вели дека состаноците во движење ја зголемуваат креативноста и фокусот. Интервјуирањето на кандидатите на уникатна локација им помага да се опуштат и да ги откријат своите вештини. 

Одлуката на Брендан за избегнување на конференциската сала за брзо време стана тренд. Тој вели дека промената не бара премногу. “Седнете во кафе барот, ако има блиску до вашата канцеларија”, вели тој. “Ако не, одете во вашата локално кафуле. Еве зошто е важно: Науката ни кажува дека кога некој има пијалок во рака, тогаш е многу порелаксиран. Тогаш ќе ја видите нивната автентичност и кои се всушност. Променете ги стандардните прашања и дознајте повеќе за својот кандидат. Направете конекција со кандидатите, поставете се како веќе да сте колеги со нив. Дозволете им да се отворат и раскажат што повеќе за себе.

Промената на стандардните прашања на кои се веќе навикнати да ги слушаат ќе ви помогне да дознаете каков е нивниот карактер, нивната моќ за адаптација во нова средина или пак капацитетот за снаоѓање во кризи и непријатни моменти. На пример, Волт Бетингер, директорот на Charles Schwab, кандидатите ги води на појадок, потоа го замолува персоналот да ја погреши нарачката за својот соговорник. Според реакцијата при грешката, тој вели дека може многу да се научи за карактерот на кандидатот. “Тоа е уште еден начин да се погледне внатре во срцето на човекот, наместо во неговата глава.“ Брендан вели дека од односот со персоналот во ресторанот може многу да се научи за еден човек.

Би се обиделе ли со оваа стратегија?