Зошто ни се јаде кога сме пијани?

0

Лондонскиот институт „Франсис Крик“ неодамна спроведе испитување во коешто повторно во прв план беше алкохолот и како тој влијае на телото, умот и на однесувањето.

Една од работите што ја открија е дека алкохолот ги активира центрите за глад во мозокот. Дури и кога не ни се јаде.

Истото испитување покажало дека големата количина алкохол ја забавува работата на организмот и ја намалува енергијата, па затоа се чувствуваме и поспани.

Токму затоа, според научниците, кога некој ќе се опие, знае и да се прејаде.

„Нашата студија покажа дека етанолот директно влијае на мозокот, односно на центарот за глад“, истакнаа коавторите на студијата, Сара Кеинс и Крехг Блуми.

Значи, колку повеќе пиеме, толку сме погладни. А ова директно влијае и на дебелината, посебно што по вечерите со опивање, луѓето имаат обичај да каснат брза храна, полна со калории, која веднаш се „лепи“ на телото, бидејќи тоа е неактивно и не може да ја преработи.

Затоа пијте помалку алкохол и конзумирајте помалку храна, особено длабоко во ноќта.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот