Зошто не се сакаат кучињата и мачките?

0

Мачките и кучињата имаат вродена омраза едни кон други и меѓу нив владее вечно непријателство… Па добро, најчесто е така.

Оваа взаемна омраза е нешто повеќе од обичен инстинкт, бидејќи двата вида животни се месојадци.

Првите борби биле околу храната

Кучињата потекнуваат од волците, па кога две кучиња ќе се најдат пред храна, нивниот инстинкт им вели дека едниот секогаш би требал да се повлече ако почувствува дека противникот им е подоминантен. Од друга страна, мачките потекнуваат од вид што не лови во чопори. Тоа значи дека тие се повнимателни кога ѝ приоѓаат на храната, ама и дека се повлекуваат тешко кога ќе решат да ја дофатат. А добро знаеме како изгледа кога куче и маче ќе застанат покрај садот со храна.

Нивните борби се гласни

Со гласна врева едните ќе се обидат да ги исплашат другите, без разлика дали е тоа лаење, р’жење, плукање…

washing-women

Дали се природни противници?

Ако им дозволите, повеќето кучиња ќе гризнат мало штотуку родено маче и ќе трчаат по сè што бега (вклучувајќи ги и мачките). Тоа значи дека мајката мачка ќе се обиде да го исплаши кучето за да го спречи да им пријде на малите мачиња. Затоа не е погрешно да ги наречеме природни непријатели.

Дали ова ќе се смени некогаш?

Кучињата и мачките можат да живеат во хармонија, ако имаат добра причина за тоа. Едната од нив е да живеат во ист дом и да ја делат истата чинија за храна, а нивните сопственици да ги научат на соживот. На кучињата ќе им требаат 5 до 12 недели да се социјализираат, на мачињата 4 до 8 недели. Ако во тоа време не доживеат некое непријатно искуство што може да се претвори во омраза, ќе живеат во хармонија до крајот на животот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар