Зошто нашите деца се претвораат во фрустрирани луѓе?

0

Здодевноста претставува еден вид стрес и е мошне непријатна состојба. Кога им е здодевно, и возрасните и децата пробуваат да го тргнат тоа чувство, да најдат некаква занимација.

Но, проблемот на досадата на денешните деца доби загрижувачки размери, бидејќи тие тешко наоѓаат начин да се анимираат, а да не е поврзан со компјутер или телефон.

За тоа, што можат да сторат родителите околу овој проблем и како да го решат зборува познатиот српски стучњак Ранко Рајовиќ.

-Денешните родители кои пред 30 години биле и самите деца, сигурно се сеќаваат како во нивно време во домот имало само еден телвизор со една до две програми максимум и кога им било досадно тие излегувале надвор, барајќи друштво за игра. Не им било проблем да одат пешки или на велосипед, четири, пет или шест километри до игралиштето каде што играле со часови, а потоа изморени се враќале дома.

Кога врнело, морале сами да си ги смислуваат игрите, а родителите не биле тие кои што им го решавале проблемот со досадата, туку децата сами го правеле тоа. Или играле со играчки или спојувале коцки или кули од дрвени коцки.

Досадата е важен дел од развојот на детето. Кога му е досадно, детето мора да смисли нешто интересно, да се организира, мора да поврзува работи, дури и да смисли нова игра.

Што се случува денеска?

Родителите премногу ги штитат децата на тој начин што за нив ги завршуваат работите. Тие решаваат како децата да се справат со проблемот на досада, наместо да ги остават самите да го сторат тоа. Им купуваат на децата видео игри, а кога ќе им здосадат, им купуват нови.

На телевизија има повеќе од 50 канали, а тоа се програми кои ги правеа психолози за да ги „заробат“ децата да гледаат телевизија што повеќе. Компјутерите не се лоша работа, сосема е во ред да се бидем во тек со технологијата, но проблемот настанува кога таа почнува да биде замена за сè.

Нашите деца раснат во виртуелен свет. Пред неколку години бев во шок кога видов дека на игрите за деца пишува – 4, 5, 6, 7. Мислев дека е број на возраст за деца, но со неверување стоев кога сфатив дека е ниво на насилство!

Што мораат родителите да направат?

Тие мора да играат некаква игра со детето, да речеме шах или лего коцки. Можат да им создаваат љубов кон други работи, како на пример кон читањето и книгите.

Купете му на детето сликовница, гледајте со него заедно, малку читајте. Ако во сликовницата има слики од животни, родителите не треба само да ги набројуваат животните кои ги гледаат, туку и да раскажат цела приказна за нив.

Важно е приказната да има елементи кои детето ќе ги памети и ќе ги врзува со конкретните ликови. Мозокот е орган кој се формира во првите пет години од животот на детето. Во тој период на адаптација, мозокот мора да види дали детето се родило во Африка во џунгла, во пустина или некаде на Северен пол за да може да го подготви да преживее. Детето во овој период ги памети работите кои родителите ги прават. На пример, ако од 19 до 19:20 е период за читање книги, во тој случај детето цел живот ќе смета дека тоа е време за книга.

Посвететете им се на децата, нема цел живот да бидат мали. Сега е време да се градат како личност со здрави навики.

Извор: stil.kurir.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.