Зошто на жената и е важно мажот да е повисок од неа?

0

Ако ги прашате вашите пријателки дали би започнале врска со маж понизок од нив, повеќето веднаш ќе ви речат не. Во светски рамки дури 50% од жените ги одбиваат мажите што се пониски од нив, ама само 25% мажи никогаш не би им пришле на жени повисоки од нив.

Кога се мажите во прашање, тие сакаат складно тело и убаво лице за при изборот на својата партнерка. Ама, кај жените еден од главните предуслови е висината. Многу од нив никогаш нема да му дадат шанса на забавен, допадлив, шармантен маж ако е тој понизок од нив.

Неколку испитувања во последниве две децении покажале дека мажите и жените бираат партнери физички слични на нив, но дека дури и да се физички слични и компатибилни (според лична проценка), колку и да ѝ се допаѓа на некоја жена еден маж, таа најверојатно ќе му рече НЕ ако мисли дека не е доволно висок за неа.

Колку и да звучи неубаво, причината за ова е само една – жените сакаат партнер што ќе биде повисок од нив за да се чувствуваат заштитени, да знаат дека човекот со којшто се во врска или брак ќе биде тука за нив.

Иако е клише, никој не може да ги разубеди, барем не повеќето, дека и ниските мажи поседуваат исти вредности и дека во многу случаи може да се поголеми заштитници од високите мажи.

Иако е фиктивен лик од серија, Саманта Џонс реши да ја надмине пречката со висината и да му даде вистинска шанса на маж многу понизок од неа. Па ако можеше Саманта, зошто не и вие? Луѓето постојано изненадуваат. Дозволете си да ве изненади позитивно некој за кој не верувате дека може да го направи тоа.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот