ЗОШТО МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ СПИЈАТ РАЗЛИЧНО?

0

Со оглед на тоа дека циркадискиот ритам (внатрешниот часовник на организмот) е два часа пред машкиот, жените и природно порано се будат. Често се будат сами од себе, дури и пред да го слушнат алармот.

Да делите кревет со некого е навистина романтично, но исто така е и ноќна мора. Како кому. Причината за тоа се разликите во начинот на спиење кај мажите и кај жените, покажува истражувањето направено на Douglas Mental Health University Institute. Еве кои разлики се најчести:

Жените порано заспиваат

Се повеќе истражувања одат во прилог на податокот дека на поголемиот број на поединци не им одговара ритамот што го наметнува работното време, бидејќи не е хармонизиран со нашиот природен, внатрешен часовник. Токму тој часовник кај жените дава сигнали дека времето за спиење е во просек два часа порано отколку кај мажите. Од тие причини, тешко ќе најдете пар кој заспива во исто време, дури и кога заедно одат в кревет. Со оглед на тоа дека циркадискиот ритам (внатрешниот часовник на организмот) е два часа пред машкиот, жените и природно порано се будат. Често се будат сами од себе, дури и пред да го слушнат алармот.

Мажите спијат подолго од жените

Тоа што одат подоцна на спиење, ја „повлекува“ со себе и последицата, па мажите спијат наутро подолго од жените.

Мажите почесто сонуваат

Почнуваме да сонуваме во најдлабоката фаза, попозната како РЕМ, а која е поврзана и со телесната температура и со висината на прогестерон, кој се менува во зависност од менструалниот циклус. Од тие причини жените поретко влегуваат во РЕМ фази на спиење, а со самото тоа и поретко сонуваат.

Жените почесто имаат ладни стапала

Експертите тврдат дека нервите што го контролираат протокот на крв низ прстите и нозете се почувствителни за жените отколку кај мажите, па тие почесто имаат ладни стапала отколку мажите. Кога ни се приспива, телото забавува, телесната температурата се намалува, а крвните садови се затегнуваат, што го забавува протокот на крв низ екстремитетите.

Земајќи сè в предвид, и мажите и жените треба да го пронајдат својот идеален душек и да бидат сигурни дека добриот сон ќе им биде загарантиран. Да инвестираат во душек со постојана циркулација на воздух низ него, кој лесно се обликува според контурите на телото и нуди целосна поддршка. Душеци направени од бамбусови влакна, алое вера, посребрени влакна или памук се идеална средина за спиење што овозможува свеж, релаксирачки и удобен сон. Нарачајте ги Fresh Prima, iMemory Silver или кој било од Air душеците и добијте ПОДАРОК Platinum Сет јорган и перница.

Повеќе инфо на линкот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот