Зошто луѓето изневеруваат кога се среќни ?

0

Познато е дека причините за неверство најчесто потекнуваат од незадоволство во врската/бракот, без разлика дали проблемот потекнува од партнерот или од наши внатрешни немири.

Сепак, кога нема незадоволство во меѓусебните односи и партнерите се среќни и исполнети кога се заедно, кој фактор влијае врз неверството?

Естер Перел, авторката на книгата „Состојба на афери: Преиспитување на неверството“ вели дека причината за тоа не е постоење на празнина која треба да се пополни во односите или во себе, туку честа причина е трагање на поинаква верзија од себе си.

Неверството често може да биде средство за самоистражување, иако тоа може многу да им наштети на нашите најблиски.

Естер Перел – „Состојба на афери: Преиспитување на неверството“

“Важно е да разберете дека изневерувањето не потекнува секогаш поради проблем во односот, или проблем во вас” вели Перел.

Погледнете го видеото, во кое се објаснуваат изворот и причините, зошто луѓето изневеруваат кога се среќни и исполнети…

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.