Зошто луѓето од Хунза имаат долг животен век?

0

Сте слушнале ли некогаш за Хунза народот? Научете како да живеете подолго со одвојување на митовите од фактите и користење на природните решенија.

Има многу митови и приказни за луѓето, како што се Хунза, кои долго, долго време живееле среќни и здрави.

Ви одвојуваме дел од највпечатливите животни приказни на луѓе кои доживеале 100+ години…

Ема Морано од Италија која живеела 116 години, вели дека причината за нејзиниот долг живот е тоа што останала сама: “Не сакав да бидам доминирана од никого.” -објаснува таа. По нејзиниот развод, кога била на возраст од 38 години, Ема го поминала остатокот од својот живот сама. Таа дури ја победила анемијата со јадење две сирови јајца на ден целиот свој живот.

Мушат Џонс вели дека неговата тајна е пржена сланина на секојдневното мени.

Кларис Емли, која е родена и израсната на фарма вели дека целата нејзина фамилија го јадела само она што го одгледувале, ништо дополнително. Сите доживеале длабока старост.

Анонимни близнаци кои доживеале повеќе од 100 години, изјавиле дека главната причина за нивиот долг живот е тоа што постојано биле еден покрај друг.

Всушност, секој има свое уникатно искуство и перцепција за тајната на долгиот живот и една, универзална можеби не постои. Што мислите вие?

Луѓето од Хунза и нивната тајна на долговечноста

Митовите како оној за Фонтаната на младоста се уште ни се интересни за слушање, но постојат и онакви кои не поттикнуваат да се запрашаме дали навистина некои луѓе живеат значително подолго од останатите.

Постојат митови и вистини испреплетени со цел да се создаде уникатна слика за Хунзите – население во планинска долина во регионот на Пакистан. Една од приказните за овој народ е дека тие се потомци на Александар Македонски, што се испоставило дека е сепак шпекулација.

Кои од приказните за луѓето од Хунза се мит, а кои вистина?

Хунзите не секогаш доживуваат старост од 150 години. Всушност, никогаш не можеме да бидеме потполно сигурни колку години имаат бидејќи тие не ги чуваат својот извод на родени. Сепак, вистина е дека овие луѓе живеат навистина долг живот.

Да, точно е дека Хунзите може да раѓаат и по 60 годишна возраст, а тоа е така бидејќи веруваат дека човекот не е возрасен до својата 50 годишна возраст. Од научна гледна точка, објаснувањето за оваа појава останува мистерија.

Животниот стил на Хунзите е едноставен. Ја јадат рибата која ја уловиле, како и месото од животните кои ги уловиле, го одгледуваат својот зеленчук. Тие не јадат преработена храна.

Тие исто така работат напорно на нивните земји во долината, обично цел ден.

Регионот Хунза е дом на луѓе од четири етнички групи. Луѓето таму се од две различни религии поради кои се поделени.

Хунзите не се неук народ, всушност поголемиот дел од населението има завршено средно образование.

Тие советуваат, за долговечност обрнете внимание на следниве неколку нешта:

-Читајте, одржувајте го мозокот активен додека сте млади и не престанувајте да бидете љубопитни.

-Одржувајте здрави односи со луѓето околу вас и со себеси. Бидете свесни за сопствените чувства пред се, за да можете да ги разберете туѓите.

-Секогаш изразувајте ги своите чувства, бидејќи нивното потиснување малку по малку ќе ви одзеде енергија и ќе ве вовлече во бездна. Со ослободување на емоциите, ќе се ослобидите и од стресот.

-Јадете органска, природна храна. Тешко е да одолеете на вкусната пица, но помислете што ќе добиете за возврат.

-Не ја прескокнувајте физичката активност. Да, додека сте млади сеуште изгледате прекрасно и покрај тоа што поголемиот дел од слободното време можеби седите и лежите, но го игнорирате здравјето. Подоброто здравје води кон подолг живот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.