Зошто лагата е прва опција?

0

Лажењето е мисловно потешко отколку зборувањето на вистината, затоа што лицето кое лаже мора да смисли прифатлив одговор, не смее да изнесува контрадикторни факти, онаа што го зборува треба да е во согласност со онаа што лицето со кое разговара го знае или би можело да го дознае. Емоционалната состојба при лажењето исто така се менува. Присутни се возбуденост, вина, страв и други знаци на стрес. Меѓутоа сите кои лажат не мора да ги чуствуваат овие промени, особено доколку лажењето не носи ризик.

Вината може да придонесе лицето да избегнува да гледа во соговорникот, возбуденоста може да резултира со зголемување на бројот на движењата, на паузи и грешки во говорот. Постојат разлики помеѓу едноставна и сложена лага. Бројот на грешки и паузи кај сложените лаги се зголемува, додека кај едноставните не мора воопшто да дојде до промени во однесувањето. Слично е и со добро подготвените лаги, тие не бараат дополнителен напор, па не се јавуваат ни промени во однесувањето. Кога некој лаже се обидува да изгледа што е можно поприродно и затоа се претпоставува дека бројот на движењата ке се намали, што дава изглед на неприродност и вкочанетост.

Се смета дека воопштено, луѓето не се вешти во откривањето на лажењето. Во однос на полот, жените, иако се подобри во препознавањето на невербалната комуникација, не се подобри од мажите во препознавање на лажењето. Лица од исто етничко потекло подобро ја препознаваат лагата кај своите сонародници.

Сите знаеме што е лага, затоа што сите лажеме. И сите знаеме што е вистина затоа што и неа понекогаш ја користиме. Некои луѓе лажат повеќе од другите, најчесто луѓето што често лажат со некаква цел се нарекува манипулација. Патолошко лажење е без одредена цел, без никаква очигледна корист. Личност која патолошки лаже тоа го прави секојдневно и убедливо речиси како да кажува вистина.

Ние сме во постојана комуникација преку зборовите, гласот, телото, движењата, ставот. На бројни начини пренесуваме пораки, наши лични искуства, желби, чувства. Дали ќе ја избереме лагата или вистината е клучна порака која ја праќаме на другиот за нас.

Не треба да се занемари дека кога човекот мисли дека ги лаже другите, тој во суштина се лаже себеси. Толку колку што свесно или несвесно ги лажеме другите е пропорционално еднакво на степенот на кој се лажеме себеси.

Подготви: Марија Алексиќ

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.