Зошто кучињата го прават неодоливото вртење со главата?

0

Можеби сте забележале кога вашето куче ќе слушне некаков чуден звук или кога нешто му зборувате, тоа ја врти главата на едната, па на другата страна. Она неодоливо однесување со кое како да сака да каже „Те слушам“. Но, што тоа навистина значи?

Сакаат подобро да не слушнат

Кучињата имаат подвижна ушна школка што им овозможува да го лоцираат звукот, а со помош на мозочните функции го одредуват времето кога звукот ќе стигне до нивното уво. Кого кучето така ја мрда главата, тогаш прима дополнителни информации, односно тоа му помага полесно да го лоцира местото и оддалеченоста на звукот.

Се обидуваат да не разберат

Според мислењето на Стивен Линдски, експерт за однесување на кучињата, миленикот се обидува да ги идентификува познатите зборови или тонови кои го асоцираат на награда (шетање или храна). Мускулите на средното уво кај кучињата го контролираат дел од мозокот кој е одговорен за изразите на главата и движењето, па некои професионалци заклучуваат дека кучето на тој начин слуша и се обидува да комуницира.

Можат подобро да ни го видат лицето

Во намерата да не разберат, кучињата не ги користат само нашите зборови, туку и интонацијата, изразите на лицето, говорот на телото, движењето на очите. Затоа со овоа движење сакаат и подобро да ги видат знаците на нашето лице. Погледнете го видетот на неодоливите мопсови додека го слушаат својот сопственик…