Зошто границите на некои држави се рамна линија

0

Историски гледано, исцртувањето на државните граници е поврзано со населувањето на приграничните земјишта. Границите се поставувале без каква била сметка на националните особености на териториите и голем дел од нив се присилно ставени такви какви што се. Во светот денес има многу такви примери.

Во Африка делбата на територии во 19-от век поминувала без согласност од локалните раководители и против желбите на обичните луѓе. Тешко достапните и малку проучените територии (на пример пустината Сахара или непроодните џунгли) буквално се делеле со помош на линијар и молив. Тоа главно се случувало во време на т.н. «трка за Африка», кога колонијалните држави од Европа — Велика Британија, Франција, Белгија, Шпанија, Португалија, Италија и Германија го поделиле континентот на зони на влијание. Често пати ориентири во такви случаи станувале меридијаните, кои се видливи само на географските карти. Притоа, демаркацијата (означување на границата на лице место со столпчиња) во такви случаи воопшто не се спроведувала.

Како резултат на таквото грубо разделување се случуваале и се уште се случуваат жестоки конфликти внатре во вештачки созадените држави.

Најсилен доказ за тоа е Федеративната Република Сомалија, во која долги години владее граѓанска војна. Сега целата земја е разделена на десетици помали територии кои војуваат меѓу себе. Етнички конфликти тлеат на целиот континент и најчесто избувнуваат после изборите, кога власта ја добива претставникот на една од националностите кои живеат таму, а тоа не им одговара на другите.

Уште еден пример на неприродно рамна граници е северната точка на заливот Акаба. Овде се спојуваат границите на 4 држави: Египет, Израел, Јордан и Саудиска Арабија. Тоа е стратешки важна точка која фактички е врата кон Црвеното Море по кое поминуваат важни трговски патишта. И не е за чудеење што раковителите на државите близу до оваа точка правеле се да добијат излез на море.

Граница-права линија има и меѓу САД и Канада, која поминува строго по 49° степен северна ширина. На ова решени му претходеле редица конфликти. Во 1846 година односите меѓу САД и британските владетели уште еднаш се заостриле, иако до директен конфликт не дошло: почнала американско-мексиканската војна и американската влада на можела да војува на два фронта. Затоа го потпишале Орегонскиот договор која ја дефинирал и денешната рамна граница.

Ако пак погледнете на картата на САД, станува очигледно дека многу држави исто така биле делени со линијар и молив. Најпознат пример за такво формално делење е «Четири агли». Тоа е место каде се спојуваат под прави агли, според мердијаните и паралелите, границите на Јута, Колорадо, Њу Мексико и Аризона.

«Четирите агли» може да се сметаат за каприц на менаџментот со територии направен во средината на 19-от век, после војната со Мексико кога во состав на САД влегле Калифорнија и Ново Мексико. Денес тоа е популарен туристички објект, во чиј центар се наоѓа бронзен диск со натпис: «Овде слободно се среќаваат четирите држави пред Бога».

Некои од таквите граници можат да разделат цели градови, други ги разделуваат дури и куќите, трети поминуваат по средина на авионската писта, четврти по крајот на некој национален парк…..се на се, човечката рака може да направи необични и нелогични поделби.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.