Зошто Француските жени изгледаат совршено без оглед на годините?

0

Сте забележале ли дека без оглед на годините Французинките имаат убаво тело и здрава кожа? Тие и живеат подолго во однос на другите жени. Францускиот доктор Мишел Цимс ја открива тајната на убавината и долговечноста на овие жени.

Пијте како вистински познавач на вино

Многу луѓе кои пијат во друштво можат да создадат навика за пиење. Тоа му штети на срцето, ја суши кожата и косата, го скусува животот. Затоа, пијте како вистинските познавачи на виното – ставете вино во убава чаша и пивнувајте мали голтки. Уживајте во вкусот и задржете го устата што е можно подолго.

Купете скапи очила за сонце

Ако не си ги заштитите очите, може да развиете катаракта, на пример. При купување нови очила одберете некои што ќе се доволно широки за максимална заштита на окото, да имаат убави стакла и стаклата да се со УВ заштита.

Јадете лук

Французите јадат многу лук. Тој е одличен антиоксидант, помага при кардиоваскуларните болести и го намалува ризикот од појава рак на простата и на градите.

Грижа за деколтето

Повеќето дами се грижат за својот врат и лице, ама го забораваат деколтето. А кожата таму се растегнува и станува потенка. Затоа секојдневно треба да му нанесувате хидратантна крема, да правите ексфолијација со која би ги отстраниле старите, мртви клетки, а во текот на пролетта, летото и во текот на есента кога е изложено на сонце, да нанесувате крема за сончање.

Јадете со стил

Направете го секој оброк вистински ритуал – јадете полека и уживајте. На стомакот му требаат барем 20 минути да му каже на мозокот дека е полн. Затоа колку побавно јадете, толку помалку ќе ви се јаде.

Вежбајте

Вежбите ја спречуваат остеопорозата, па затоа вежбајте барем по 20 минути на ден, пет дена во неделата. Секој тип физичка активност е корисен за вашето тело.

Одберете совршена перница

За да останете здрави колку што е можно подолго, потребен ви е соодветен одмор. Ова особено се однесува на вратот. Ако спиете на грб, одберете тврда перница, ако преферирате да спиете на стомак, можете да одберете помека, поеластична перница.

Грижите и нервозите го забрзуваат процесот на стареење. Затоа прифатете ги работите што не можете да ги смените. Не барајте совршенство бидејќи не постои. Слушајте ги вашите желби и барања и живејте го животот со полни гради.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот