Зошто е важно во домот да се чуваат оригинални уметнички дела наместо евтини копии

0

Уметноста е клучен момент од секое уредување на домот до таа мера што понекогаш е потребно да се даде повеќе значење на тоа отколку на некое парче мебел. Важно е да се разбере дека понекогаш е подборо да има едно оригинална уметничка слика, отколку 5 непотребни парчиња мебел.

Зошто?

Затоа што ја подобрува социјалната атмосфера, создава убаво расположение во домот, а вие се чувствувате ункикатно.

Велат „Никогаш не би ставиле лажни книги на полиците, па зошто тогаш би сакале да ставате лажни слики“. Има логика во оваа изрека.

Креира подобро расположение

Докажано е дека нивото на допамин се зголемува, а делот од мозокот кој е одговорен за тоа регистриа дополнитлено зголемување на желбата, задоволството и засилување на романтичната страна. Романтичните пејзажи провоцираат чувство на задоволство, мит и релаксација.

tumblr_inline_oec3l4upqz1s88dq9_500

Додава личен печат на домот

Сите ние сакаме да се изразуваме себеси преку начинот на облекување, асесоарите, социјланите медиуми итн. Но, оригиналните уметнички дела во домот се одличен начин да ги изразите вашите артистички афинитети на многу различен и уникатен начин.

Создавање спомени

Купувањето на оригинлано уметничко дело само по себе е искуство за паметење. Поради некоја причина, вас ве привлекло тоа конкретно дело. Сте го виделе на изложба, ви останало во ум и едноставно мора да го имате. Тоа е патување кое мора да се доживее.

tumblr_inline_oec3opkzho1s88dq9_500

Дава чувство на комплетност

Кога ѕидовите се празни, не значи секогаш дека собата изгледа лошо, но изгледа недовршено. Штом се пополни со одредена слика, тогаш се добива чувството на удобност.

Го дефинира вашиот вкус за уметност

Штом купите едно уметничко парче, нема да застанате таму. Ќе сакате уште едно и уште едно, така што со текот на времето ќе го запознаете сопствениот вкус за уметност.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.