Зошто е Гордон Ремзи најомразениот маж меѓу најдобрите светски готвачи

0

Уште кога во 1980-те шкотскиот готвач изврши инвазија на женските кујни, неговата популарност не опаднала. Ама потоа се појавија детали од неговиот живот на кои никој не остана рамнодушен.

Манири

Пред 13 години Ремзи е фатен како уринира во лондонското метро. Еден од неговите пријатели уринирал во мијалникот, а на третиот му биле спуштени панталоните. Портпаролот на Ремзи изјавил дека не се случувало ништо сексуално и дека е Ремзи е несоодветно казнет заради непристојно однесување.

Пластика

По сугестија на Сајмон Кауел ставил филери во усните, и денеска се кае што го направил тоа. Сепак, „новата“ уста не влијаела на неговата лоша навика постојано да псуе.

Трансплантација на косата

Потрошил 30.000 фунти за трансплантација на косата и потполно е опседнат со својот изглед.

Изневерување

Сара Симонс, писателка од Британија, тврди дека 7 години имала афера со Ремзи. Иако прво демантирал, на крајот го признал неверството, тврдејќи дека спиел со неа само 4 пати.

Смрзната храна во ресторанот

Иако Ремзи тврди дека во неговите ресторани се служи само свежа храна, во една прилика изјави дека „замрзнатите намирници се распоредуваат секој ден во секој негов ресторан“.

Данок

За својот ресторан во Њујорк не платил данок од 2 милиони долари. Оваа информација е откриена само три месеци откако го тужеле дека не платил сметка за вино во висина од 41.000 долари.

Критичари

Ремзи исфрлил двајца критичари за храна од својот ресторан со образложение дека не готви храна за нив туку за гостите. Тие, пак, во својот текст го опишале Гордон како „првокласен готвач, но лошо човечко суштество.“

Снимка од дедо му и љубовницата

Ремзи ангажирал приватен детектив да го сними таткото на неговата тогашна сопруга (и негов деловен партнер) со љубовницата.

Ги измамил вегетаријанците

Во текот на неговото шоу, додека служел пица, еден гостин изјавил дека е вегетаријанец веќе осум години, на што Ремзи одговорил дека во пицата нема месо. Откако момчето ја изело пицата, Ремзи му соопштил: „Под моцарелата и доматите имаше шунка од Парма… Со среќа со вегетаријанството.“

Ова се, всушност само дел од работите заради кои луѓето не го сакаат Гордон Ремзи. Ама, и покрај тоа, ја обожаваат неговата храна.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.