Зошто девојчињата се „татини принцези“?

0

Отсекогаш се верувало дека родителите се многу повеќе емотивно врзани за своите женски деца отколку за машките и тоа е навистина така.

Американско истражување покажа дека татковците навистина поинаку се однесуваат спрема ќерките наспроти спрема синовите.

Научниците истражувале како мозокот на татковците реагира спрема нивните деца и дали свесно или несвесно се однесува различно. Резултатите покажале дека татковците спрема ќерките користеле повеќе аналитички говор, додека со синовите се однесувале погрубо.

Исто така татковците добиле задача да гледаат во фотографии со среќен и неутрален израз на децата додека докторите им го снимале мозокот. Татковците кои имале машки деца, емотивно реагирале на фотографиите каде што момчињата имале неутрален израз на лицето, додека татковците кои имале ќерки, емотивност покажале кога им биле прикажани фотографии со среќен израз на нивните ќерки.

„Оние родители со ќерки реагираат побрзо ако нивното дете плаче и го бара таткото “ изјавила Др. Џенифер Маскаро.

Од друга страна, татковците со синови помалку разговараат и посветуваат внимание на нивните емотивни потреби, и со самото тоа помалку ги покажуваат своите емоции, што и те како може да влијае на емотивниот развој на детето.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот