Зошто децата имаат недостаток на концентрација и креативност?

0

За причината зошто денешните деца имаат проблем да се сконцентрираат и што е тоа што наставниците го прават погрешно во нивната работа со децата, говори д-р Ранко Радовиќ, автор на НТЦ системот за учење, кој е и татко на четири деца.

Општо познато е дека најчестите грешки на родителите главно се однесуваат на ограничувањето на децата и нивната природна потреба да се развијат и да се истражуваат. Но, каде најмногу грешат наставниците?

”Родителите се првите и најважните наставници и влијаат на речиси сите аспекти на развојот на детето. Тие не треба да ги затрупуваат децата со многу играчки, бидејќи од играчките нема некоја корист. Децата можат сами да си креираат игра и без материјални играчки. Важно е родителите да препознаат за што е заинтересирано нивното дете, па преку тие интереси да ги поттикнат мисловните процеси, нови идеи, а така се развива креативност.”

”На пример, ако вашето детето сака диносауруси, купете му сложувалка со диносауруси. Можете да му купите атлас на светот, па детето ќе ги научи државите поради тоа што го интересира на кои територии постоеле диносауруси. Купете му мали фигури во форма на диносауруси од кои ќе може детето да создаде нови игри. Сите тие активности ќе допринесат во развојот на креативноста. Потоа кога детето ќе тргне во училиште, не престанувајте да го поттикнувате неговиот истражувачки дух, неговата креативност и имагинација.”

”Прво нешто што наставниците мораат да го знаат е дека предметите како ликовно, музичко и физичко се многу важни во периодот на интензивен развој на мозокот, односно до 12тата година. Податокот дека предметите ликовно и музичко ја активираат само десната половина, а математиката, граматиката и логиката, левата половина на мозокот. Мозокот е еден орган и не можеме толку лесно да го поделиме на две половини. Секој дел има своја функција, но тие заедно и синхронизирано работат. Најголмата површина од кората на големиот мозок завземаат асоцијативните регии и по нивната распространетост можеме да видиме колку се тие важни.”

”Физичкото образование е исто така важно, затоа што на детето му е потребно што повеќе движење. Во истражувања спроведени во Америка и Канада, во периодот од 2008ма до 2010та година, се докажало дека доколку нема доволно физичка активност, може да дојде до намалување на структурата на големиот мозок, а тоа може да ги намали когнитивните способности на детето.”

”Уште една работа е важна за наставниците, а тоа е фактот дека репродуктивното учење е најнизок начин на учење и дека треба да се користат други, поефикасни методи и така да им се помогне на децата полесно да го совладаат материјалот, при што ќе научат самите да мислат и поврзуваат информации.”

Извор: lovesensa.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар