Зошто врските не успеваат?

0

Разликуваме повеќе видови на љубов, но најзначајната и најкомплексна е романтичната љубов помеѓу двајца партнери. За некои луѓе токму оваа љубов е најзначајна во нивниот живот и претставува приоритет во реализација токму на ова поле.

Сепак, способноста за да се има здрава, љубовна врска не е вродена. Односно, голем дел од доказите сугерираат дека способноста да се формира стабилна врска започнува уште во детството, во најраните искуства на детето со неговиот родител кој одговорно ги задоволува потребите на бебето за храна, грижа, заштита, стимулација и социјални контакти. Овие односи не се судбина, туку показатели или насоки кои влијаат врз понатамошниот развој и начин на комуникација на поединецот со останатите луѓе.

Сепак, постојат повеќе причини кои влијаат на успехот на врските. За жал, брзиот и стресен начин на живот, предизвикуваат дури и најмалото незначајно незадоволство и немир да бидат причина за неуспех во односот со партнерот.

Особено, виновници за нестабилноста во врските во последно време се социјалните мрежи. Сомнежот кој настанува кај партнерите, дополнително ја влошува ситуацијата во која се нашле. Допишувањето со други луѓе, колку и да е невино, секогаш доведува до недоверба, што е најголемиот предуслов за разнишување на односите.

Затоа, повеќето од нас треба да работат свесно за да ги совладаат вештините потребни за напредок и развој во односот со саканите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.