Зошто вработените во Гугл си ги праќаат децата во училишта каде што нема компјутери

0

Во срцето на Силиконската долина (Калифорнија) постои училиште во кое вработените од компании како што се Гугл, Епл, и Јаху ги праќаат децата да учат. Но, иако се наоѓа во срцето на дигиталните случувања на Америка, таму нема ниту еден паметен телефон или каква било друга направа со екран.

Наместо тоа, наставниците во „Waldorf School of the Peninsula“ преферираат искуствен пристап кон учењето кое на големо се коси со трендовите во светот дека училниците треба да бидат исполнети со електронски уреди.

dd67b2973df52e480f83381de992145e__1478178569_77-29-143-73

Фактот, што нивните родители работат во најмоќните технолошки компании, ја доведува до прашање вредноста на компјутерите во едукацијата и го наметнува прашањето – дали се футуристички сон високо технолошките училници кои би требало да бидат од корист на новите генерации?

Глобалниот извештај на  ОЕЦД вели дека образовните системи кои многу вложија во компјутерка опрема „не доживеаја никакво посебно подобрување“ што се однесува со читањето, математиката и науката.

Најдобрите образовни системи, како оние во источна Азија, беа многу внимателни со употребата на технологијата во нивните училници, стои во извештајот. Учениците кои користат компјутери многу често, постигнуваат полоши резултати од оние кои ги употребуваат умерено.

9-24h_design_marecollege_extension-7

Здружението на училишта „Валдорфских“ од Северна Америка, објаснува дека нивниот пристап користи податоци кои се добиени на база на тестирање кое било вршено долг временски период. Благодарение на резултатите тие дознале како децата најдобро учат.

Наставниците ги поттикнуваат децата да учат преку уметеничко изразување и разни активности како сликање, цртање, наместо да учат информации од компјутер. Таквиот креативен пристап кон едукацијата ја прави лекцијата многу поделотворна од обично прикажување на екранот.

Валдорфските училници се осмислени на тој начин што учениците се чувствуваат опуштено и удобно, со столчиња од природно дрво и опкружени се со растенија. Идејата да се отстранат компјутерите ги мотивира наставниците да се ангажираат многу повеќе за време на лекцијата.

Една од причините заради која родителите кои работат во дигиталната индустрија бираат училишта со мала или никаква употреба на компјутери е тоа што децата можат на тој начин да учат вештини за иновативно размислување. Всушност, да го научат тоа што го бараат многу работодавци.

Учениците кои пораснале со технологија, често имаат недостиг од пошироко размислување и индивидуално решавање на проблемите.

Така што, доколку имате можност и начин, пробајте да ги изложувате колку што можете помалку децата на електронски уреди кои им штетат многу повеќе отколку што имаат корист.

Извор:zelenaucionica.com

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.