Зошто вашето дете треба да заспива рано?

0

Кога бевме деца нашите родители секогаш нè тераа да одиме во кревет најдоцна до 9 часот.

Но, со тек на време правилата на родителите се променија. И ако порано повеќето деца си легнуваа најдоцна до 9 часот навечер, децата денес одбиваат да стават пижами толку рано.

Според стручните лица, децата треба да легнуваат во кревет што порано. Еве зошто треба да престанете да барате изговори доколку вашето малечко легнува доцна и да го навикнете детето да си легнува порано.

Растењето е важен дел во животот на детето и хормонот за растење се лачи дури во четвртата фаза од спиењето, околу 12:30 по полноќ. Ако детето останува до доцна навечер и легнува да спие после полноќ, произведувањето на хормонот опаѓа и детето можеби нема да порасне доволно.

Исто така, истражувањата покажале дека децата кои навреме си легнуваат да спијат, се продуктивни, фокусирани и многу полесно ја сфаќаат и изучуваат програмата што се учи на училиште. Исто така, кај овие деца кога ќе станат возрасни личности, помала е  веројатноста да развијат Алцхајмерова болест, бидејќи како што тврдат докторите таа болест може да се спречи со доволно спиење и вежбање.

Иако навечер е единственото време кога после долгиот напорен ден родителите можат да се релаксираат и да им обрнат внимание на децата, сепак не треба да заборават дека долгиот и квалитетен сон е важен за нивните најсакани. Истражувањата покажале дека најдобро е децата да бидат заспани најдоцна до 21 часот и 30 минути за да можат следниот ден да функционираат без проблеми и да не бидат нервозни и агресивни. Многу важна задача за родителите е да ја контролираат навиката за одење во кревет на своите деца така што ќе создадат една ритмичка шема кога станува зборот за спиењето, што би значело дека децата ќе легнуваат секоја вечер во исто време, која ќе се одрази позитивно врз физичкиот и психичкиот развој кај децата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар