Зошто треба да се заљубите во жена која премногу размислува?

0

Зошто ми пиша вака, што мисли со тоа, што да му одговорам, дали ќе ме разбере погрешно, можеби не требаше вака да постапам… Познато? Мажите имаат една особина, а тоа е едноставност. Жените, за разлика од нив премногу размислуваат и за повеќе неважни работи.

Но, затоа се и посебни. Жената која премногу размислува, секогаш ќе се труди да му угоди на мажот покрај себе, за разлика од останатите.

  1. Жената која размислува ќе се погрижи да ги купи најубавите роденденски подароци кои некогаш ги добил во животот. Таа ќе потроши време и внимание барајќи го она што му е најпотребно.
  2. Таа нема да се расправа со мажот непотребно и нема да влегува во гласни караници за подоцна да се извинува за она што го кажала. Таа ќе каже доволно колку што мисли и нема да остави простор за долги расправии.
  3. Секогаш знае кога нешто не е во ред. Ако парнерот се лути за нешто а не кажува, таа самата ќе сфати и веднаш ќе ја реши ситуацијата разговарајќи за тоа.
  4. Ако почне да врне сред лето, таа ќе извади чадор од својата чанта. Ако случајно се извалка со храна, таа секако ќе има влажно марамче кај себе за да го избрише.
  5. Паметната жена се извинува за своите грешки без проблем.
  6. Креативни е за излегување и забава. Таа секогаш ќе има идеја плус како да не им биде досадно за време на викенд или излегување.
  7. Се грижи за неговото мислење. Кога тој не е среќен таа ќе направи се што може за да го промени тоа.
  8. Нејзиниот мозок работи постојано. Затоа е секогаш паметна и способна да го советува својот партнер за сите него прашања.
  9. Ако е во врска, тоа значи дека е во сериозна врска и нема шегување со тоа. Паметната жена не лаже и не изневерува, бидејќи нема потреба од тоа.

Иако наброивме само 9, постојат уште голем број причини поради кои треба да се гледате со паметни жени, но тоа ќе ви го оставиме вам да откриете.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот