Зошто сум сингл?! Затоа што тоа е мој избор

0

Девојките и жените, момците и мажите кои се се уште сами секогаш се тема за чудење пред оние другите кои се среќно закотвени во врска. Тие, според општото мислење се несреќни заради љубовниот статус.

А од кога среќата во комплет се поврзува само со тоа да бидеш во врска? Зарем не постои можност да бидеш сингл затоа ти така сакаш и затоа што во тој момент тоа те прави среќен.

Ова важи и за мажите и за жените, без разлика. Еднакво гледаат и на едните и на другите што е сосема погрешно.

Во овие ситуации секогаш доаѓа оној непријатен момент кога пријателите и роднините кои ти мислат добро се обидуваат да ти го решат животот.

Извинете, ама тоа не е ваша работа!

На темава, колумнистката Шена Шарма дава точна дефиниција на зборот ‘сингл’ кога станува збор за жените.

“Тоа е мој избор!

Секогаш сум сама.. Јас сум најсамата од сите што ги познавам. Жалам што немам некој, но сепак знам да уживам во самотијата. На многу мажи им дадов шанса да ме заведат и да ме освојат, но ги оттурнав од себе бидејќи сфатив дека премногу се приближиле.

Моја е вината што сум сама. Не, “вина” е погрешен збор. Вистинскиот збор е “избор”

Тогаш што има тука нејасно околу тоа дека некои девојки го поминуваат поголем дел од животот сами. Не е дека нема мажи кои се додворуваат, но тоа изборот кој го правам. Немојте да ме сожалувате!”

Има голема вистина во зборовите на Шена. Можеби е себична затоа што таа одлучува дали ќе излезе со некој маж или не. А можеби е спротивната страна. Можеби е несебична и се плаши некој да не ја разоткрие и да се заљуби.

Без оглед на причините заради кои некоја личност е сама, има право да го открие својот начин на живот. Има право да бара личност која ќе го помести дното под нозете, така што нема да може да земе воздух од возбуда и љубов.

Тоа е изборот кој треба секој човек САМ да го го направи еден ден.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот