Зошто среќните парови не објавуваат на Фејсбук

0

Верувате во сè што ќе видите на Фејсбук-посебно оние објави каде што има среќни парови ПОСТОЈАНО?

Во минатото на никого не му требаше потврда за неговата среќа. Доволно беше да каже на неколку блиски пријатели кои ќе знаат да се радуваат со него.

Порано не зависевме од лајкови туку реални реакции. Денес може да се избрише и слика ако нема доволно лајкови.

Станавме зависни од туѓата перцепција за нашата врска и среќа. Ако останатите ја сакаат среќната слика, ние ќе ја обожаваме.

Прашањето е дали навистина среќните парови се на Фејсбук – дали тоа што го гледаме е реално?

Некои истражувањата велат дека вистински среќните парови не се толку присутни на Фејсбук бидејќи немаат потреба од туѓа потврда на нивната врска.

Една студија направена Универзитетот во Канада, била спороведена на 108 парови чиј статус бил ‘во врска’ на Фејсбук. Секој од испитаниците посебно водел дневник две недели за секојдневните случувања и за тоа како се чувствува во текот на денот заради активноста на Фејсбук тој ден. Тренирани аналитичари ги набљудувале нивните профили, земајќи предвид колку време е поминато на социјалната мрежа и колку објави секој од нив споделувал за својот партнер и врската.

Резултатите покажале дека оние денови кога некој од партнерите се чувствувал романтично несигурен, имал многу повеќе објави, отколку во деновите кога се чувствувал среќно и исполнето.

Уште едно истражување на оваа тема направено од страна на Олбрајт Колеџот од Пенсилванија, ги покажало истите резултати како претходното. Паровите кои патат од ниска самодоверба и несигурност, имаат потреба постојано да ја споделуваат својата врска на Фејсбук.

-Среќните парови живеат во моментот, тие немаат време и потреба да ги објавуваат своите активности на светот.

-Знаат дека нема да добијат ништо повеќе во врската, ако ја објават својата омилена фотографија на сите онлајн пријатели

-Вистинската среќа доаѓа од нивната љубов, а не од лајковите на објавите

-Не мораат да докажуваат никому ништо

-Среќни се бидејќи не се споредуваат со останатите парови на Фејсбук

Социјалните медиуми станаа уште еден слој во нашето опстојување, наша проекција, додаток на идентитетот, поврзаноста со другите луѓе и доказ на сопствената самопочит.

Изгледа како ние да ги создаваме парчињата на мозаикот, а им дозволуваме на другите да ги состават. Ние на светот му даваме простор да ја мери нашата среќа, благодарение на постојаната изложеност.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот