Зошто сонуваме?

0

Знаеме ли од каде доаѓаат соништата? Ајде да почнеме од она што не е причина за соништата. Според психоаналитичарите тие не доаѓаат од оној светкако што се верувало некогаш, не донесуваат некакви тајни пораки, не се поглед во иднината, ниту некое претскажување.

Сите наши соништа се поврзани со нашите чувства, стравувања, копнежи, желби, потреби, сеќавања. Ако сме гладни или изморени, ако ни студи во соништата тоа ќе дојде до израз. Доколку се откриеме во сонот, можеби ќе сонуваме дека сме на некоја ледена санта. Содржината на ноќниот сон често е поврзана со доживувањата во текот на претходниот ден.

Содржината на сонот е поврзана со она што непосредно влијае на нас додека спиеме (ни студи, слушаме бучава, сме зазеле незгодна положба итн.) или нашите доживувања од минатото со потребите и желбите од сегашноста. Поради тоа сосема малите деца често сонуваат волшебници, самовили; училишните деца полагање испити; гладните храна; затворениците слобода.

Толкувањето на сонот од страна на психоаналитичарите не е секогаш прифатено, бидејќи тие сметаат дека соништата се одраз на неисполнетите желби или суетните копнежи, со други зборови сонот е определен начин за исполнување на неостварените желби.

Според оваа теорија во текот на сонот и нашите сопирачки спијат, така што можеме да го изразиме или да го почувствуваме она што навистина го сакаме. На тој начин низ сонот им даваме оддишка на нашите желби, за кои можеби и не сме знаеле дека ги негуваме.

Марија Анѓелевска

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.