Зошто сите ги сакаме гумените бонбони?

0

Не познавам некој што не сака гумени бонбони… Во форма на мечиња или јаготки, со вкус на овошје, зашеќерени или не, ретко кој му одолева на ова слатко задоволство. Како деца ги обожававме, на младост ги мешавме со вотка и стануваа пијани гумени бонбони, а на старост иако со оштетени заби пак ќе ги сакаме.

Вкусот на гумените бонбони е вкус на деството. Она дете кое секогаш се радува, секогаш сака уште, открива нови вкусови, детето кое уште е во нас и е страшно љубопитно за новото. Иако знаеме дека не се баш најздрави, сепак ги консумираме. А, ако веќе ги обожавате тогаш правете ги дома како би биле сигурни дека немаат премногу хемикалии. Еве еден лесен рецепт за подготовка на гумени бонбони.

gumeni-bonboni

Во сад за готвење, средна големина, ставете половина чаша ладна вода. Потоа додајте две супени лажици желатин и желатин во боја со арома. Гответе пет до 10 минути на средна јачина, важно е да внимавате да не зоврие. Цело време мешајте, а потоа исклучете го шпоретот и ставете го желатинот во сад да се олади. Отстранете ја пената од врвот на смесата. Земете силиконски калапи и ставете го желатинот, а потоа ставете ги во фрижидер на 15 минути. Уживајте во своите домашни гумени бонбони и бидете дете кое непрекинато се радува на слатки задоволства!

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот