Зошто се разболуваме кога се менуваат годишните времиња?

0

Забележуваме дека често се разболуваме кога се менуваат годишните времиња. На што се должи тоа?

Лекарите велат дека драстичната промена на температурите не се директна причина за тоа. Честите промени на температурите им дозволуваат на различни типови на вируси лесно да се развиваат и тие всушност се виновниците за настинките. Истражувањата покажуваат дека риновирусот и коронавирусот се двата главни причинители на настинката, а „најактуелни“ се во пролет и есен.

Вирусот на инфлуенца пак највеќе се шири кога воздухот е студен и влажен, па затоа најчесто се разболуваме од грип во зима.

nastinka

Кога времето е потопло ситуацијата е поинаква. Луѓето кои патат од сезонски алергии често имаат јадеж во очите и течење секрет од носот доколку се наоѓаат во близина на полен, трева или мов. Нивниот имунолошки систем е преосетлив и тие се поранливи на вирусните зарази.

За да ги избегнеме овие непријатности, најдобро е да се придружуваме до советите од лекарите: да се храниме добро, да вежбаме, да одржуваме лична хигиена, да спиеме од 6 до 8 часа. Тие исто така советуваат да не посегаме веднаш по лековите и да внесуваме повеќе витамин Ц и цинк.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот