Зошто постојат левичари?

0

Многу родители чии деца се левичари се загрижени поради таа појава и се прашуваат дали треба да се обидат да ја исправат. На тоа научниците одговориле со НЕ.

Ако некој е вистински левичар и се служи со левата рака место со десната, нема потреба тоа негово својство да се менува. Во светот постојат околу 4% левичари и многу многу славни личности од минатото биле левичари, како што се ликовните уметници Леонардо да Винчи и Микеланџело Буонароти.

Се разбира, нашиот свет е свет на деснаци, па се околу нас е прилагодено за нив: бравите, завртките, автомобилите, инструментите и сл. Затоа левичарите имаат тешкотии, но претежно ги совладуваат без проблем.

Не постои ниту едно објаснување зошто сите ние сме десничари.

Еве една теорија: нашето тело не е симетрично, односно неговите страни не се наполно еднакви. Десната страна на лицето се разликува од левата, како што дената и левата нога немаат иста сила, а едното стапало е малку поголемо од другото. Така десната и левата половина на мозокот не функционираат на ист начин. Кога левата има превласт над десната, тогаш десната половина е повешта да ја врши работата. Ние читаме, пишуваме, зборуваме и работиме со помош на левата половина. Но ако тоа е обратно тогаш таа личност е левичар.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот