Зошто попладневните дремки се знак на здравје, а не мрзливост ?

0

Ако не можете да го поминете денот без да ги затворите очите бар на 15 минути, тоа е сосема во ред. Всушност, научниците откриваат дека попладневните дремки можат да ја зголемат свесноста и да му помогнат на мозокот да работи подобро во остатокот од денот.

Многу луѓе се чувствуваат виновни бидејќи за времето кое го поминале во краток сон, можеле да завршат уште некоја обврска, а други сметаат дека се мрзливи.

Сепак, дури науката вели дека 30-минутни соништа секој ден е препорачливо бидејќи тие можат да ја подобрат функцијата на вашиот мозок и вашата будност.

Постојат три типа на дремка:
Итни дремки – кога сте исцрпени и не можете да ги држите очите отворени.
Планирани дремки – чести, но незадолжителни дремки.
Вообичаени дремки – секојдневна навика, без разлика дали сте уморни.

Според експертите, нашите енергетски нивоа имаат тенденција да се намалат во раните попладневни часови, и затоа дремката има најголем ефект ако се практикува помеѓу 13 и 15 часот.

Во прилог, ве советуваме како да ги искористите сите придобивки од попладневното, кратко спиење:

  1. Иако дремките се важни, тие треба навистина да бидат кратки, па осигурајте се да навиете аларм, за спиењето да нема негативни ефекти.
  2. Спијте во сосема тивка средина, за дремката да биде одмор, а не дополнително измачување.
  3. Затемнете ја собата.
  4. Осигурајте се да одморите во удобна положба.
  5. Користете светло ќебе, додека вашето тело природно ја намалува својата температура кога спиете.
  6. Спиењето да не е повеќе од половина час.
  7. Пијте мед и вода пред и потоа.
  8. Искалкулирајте го времето правилно, за да бидете сигурни дека ќе ги завршите сите планирани обврски.

Секојдневните дремки и утринското будење во исто време од денот, со сигурно ќе го подобри вашиот циркаден ритам.

Доколку немате навика да спиете попладне, секој ден е одлична можност да започнете. На вашето тело ќе му биде потребно околу еден месец за да се прилагоди на новиот „часовник“, но резултатот ќе направи да се чувствувате поубаво и попродуктивно.

Заменете го кафето со попладневна дремка – нема да зажалите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.