Зошто паровите кои се расправаат, се сакаат повеќе ?

0

Врските обично почнуваат со интензивни чувства и пеперутки во стомакот. Сè е глатко и прекрасно. Вие се согласувате меѓусебно и правите компромиси. Но, кога врската ќе ја надмине таа розова, почетна фаза, партнерите почнуваат да ја покажуваат својата вистинска природа, a врската влегува во фаза на тестирање.

Расправијата е голема форма на комуникација. Покажува индивидуализам, различни перспективи и способност да се учи еден од друг. Аргументите не се нужно показател дека постојат проблеми во врската.

Психијатар од Њујорк објаснува дека расправијата бара добри вештини на кои им треба време да се изградат.

Тој предлага…

* Не инсистирајте да бидете во право

* Зборувајте веднаш штом ќе почувствувате лутина

* Слушајте

* Држете се до темата

* Не кажувајте нешто за кое што ќе зажалите

ЗОШТО ПАРОВИТЕ КОИ СЕ РАСПРАВААТ, СЕ САКААТ ПОВЕЌЕ ОД ДРУГИТЕ ?

Расправијата не е показател дека односот страда. Имањето аргументи, всушност, покажува дека двајца луѓе имаат свои индивидуални идеи и мислења. Тие можат да ги изнесат пред партнерот и да ги споделат на здрав начин. Во врските каде нема расправии, партнерите се повлекуваат и постепено се исполнуваат со напнатост, бидејќи ниедна страна нема да се чувствува пријатно да го сподели своето мислење. Недостатокот на расправија исто така може да се протолкува како незаинтересираност за врската. Може да постои проблем со довербата.

Доколку се наоѓате во такви врска, поставете си ги следниве прашања…

Колку сте посветени ако можете да ги изразите своите идеи?
Се плашите ли да ги надминете границите? Во вашата врска, дали навистина може да ви биде автентично сопственото ‘’јас’’? Дали се плашите да ги изговорите вашите идеи и мислења?

Според Д-р Стефани Саркис, постојат седум состојки за здрава и среќна врска, а расправијата е една од нив. Таа понатаму објаснува: “Никогаш не сум видела здрав пар кој не се расправа.
Сепак, постои разлика помеѓу расправија и борба.  Кога две личности се расправаат, тие имаат заедничка цел – да дојдат заедно до решение и во тој однос постои меѓусебна грижа и почит. Тие не се напаѓаат меѓусебно, само за да докажат сопствена поента. Расправијата не подразбира повишување на тонот, трескање врати и неразговарање во наредните денови.

Аргументирањето / расправијата е неборбена, тоа е некој вид ”разговор” во кој двете страни ги презентираат своите гледишта.  Понекогаш се случува да не се согласуваат,  и тоа е во ред.

Секогаш ќе има предизвици и конфликти во врската. Откако почетните фази ќе преминат во  стабилност и долговечност, луѓето имаат тенденција повторно да паѓаат на своите територии. Тие сакаат да бидат слушнати и разбрани, да ги следат нивните страсти и да бидат признаени за тоа кои се. Луѓето сакаат нивните желби да бидат чуени.

Оние што ги нарекуваме ”среќни двојки” , во еден момент ќе се најдат на теренот, во тешка дискусија. Токму тоа е знак на взаемно почитување , каде без никакви пречки можат да ја покажат ранливоста.

“Можете да ја измерите среќата на бракот со бројот на лузни што секој партнер ги носи на своите јазици, заработени од години гризење на лути зборови” – вели Елизабет Гилберт.

Задржувањето на тишината не е никогаш правилната опција, ниту пак здрав начин да се создаде доверба во врската. Да се ​​биде покорен не е чин на храброст. Тоа е чин на заветување, за другиот да биде задоволен, додека вие на крајот ќе се чувствувате како маченик.

Паровите кои се расправаат, исто така имаат тенденција да бидат постраствени.
Некои парови едноставно го обожаваат делот по интензивната расправија – оној момент кога се смируваат. Д-р Пам Спур, експерт за врски и односи, вели: “Начинот на кој партнерите се расправаат открива многу за нивната врска. Мудрите парови се свесни на овој моменти и внимаваат како се однесуваат кон партнерот кога нивните мислења не се на исто ниво.

Потсвесно, расправиите покажуваат дека партнерите се грижат еден за друг, дури и ако додека се расправаат се чувствуваат вознемирени поради другиот.

Взаемно почитување, љубов, компромис, сочувство и доверба се важни фактори за здрава врска. Како и сè во животот, станува збор за умереност. Никој не сака да навреди или  да покаже непочит кон личност што ја смета за блиска. Кога сте автентични, во врската секогаш постои можност да се сподели она во кое верувате. Различен е само начинот на кој ќе ја презентирате дискусијата.

“Највисоката форма на љубов е како се однесуваш кон некого,
а не што чувствуваш за таа личност”.

-Стив Хол

Извор: powerofpositivity.com

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар