Зошто ни е потребен магнезиумот?

0

Магнезиумот заедно со калиумот, калциумот и натриумот се основните елементи неопходни за правилно функционирање на организмот на човекот. Магнезиумот игра важна улога во работата на кардиоваскуларниот систем, нервниот систем, мускулите, бубрезите, црниот дроб, жлездите што лачат хормони и мозокот. Тој се апсорбира преку цревата и потоа со помош на крвта се транспортира до клетките и органите, каде што се складира. Денес, научниците веруваат дека магнезиумот помага во превенцијата и лекувањето на многу болести како астма, аутизам, срцеви заболувања, епилепсија, мултиплекс склероза, ПМС и лупус.

Симптомите при недостиг на магнезиум се најразлични. Најчести симптоми се: грчеви во мускулите, забрзано отчукување на срцето, главоболка, висок крвен притисок, депресија, мачнина, зголемена телесна тежина, напнатост.

Магнезиумот го подобрува расположението и помага при стрес. За да бидете поспокојни и поздрави не прескокнувајте ја храната богата со овој незаменлив минерал. Повеќето растенија и јаткасти плодови содржат магнезиум. Други намирници кои содржат магнезиум се: сончоглед, соја, ореви, семки од тиква, грав, леќа или интегрален леб, зелена салата, морска риба, авокадо, банани и чоколадо.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот