Зошто не треба да лажете паметна жена?

0

Размислете два пати пред да лажете жена која е паметна!

Сосема е природно тоа што примарниот фокус на мажите е секогаш насочен кон надворешниот изглед на жената. Но, сепак, не може да се игнорира фактот дека жените отсекогаш се сметале за пол со екстремно остар ум и силна интуиција.

Многу научни истражувања покажале дека жените се далеку поспособни да ги читаат туѓите емоции, за разлика од мажите. Тие не сакаат лаги, а искреноста им е една од најважните нешта.

Многу често односите меѓу мажите и жените се сметаат за сложени, особено земајќи ја во предвид оваа женска особина, за која многу мажи не се свесни или едноставно ја игнорираат. Голема грешка на секој маж…

Не ја потценувајте моќта на женската интуиција. Жените исто така се често опишани како детално-ориентирани, аналитички и перцептивни лица и ова се дел од карактеристиките што мажите секогаш имаат проблем да го разберат.


Ова е јавна порака до сите мажи, каде што ги советуваме НИКОГАШ да не ја лажат или потценуваат жената, нејзината перцепција и моќна интуиција!

Зошто?

Бидејќи жените секогаш наоѓаат начин да дојдат до вистината.

Во прилог, прочитајте ја приказната за маж кој ова го научил на потешкиот начин, која е само еден пример од многуте:

Еден маж се јавил на својата сопруга за да и каже дека добил можност да оди во Кина со својот шеф. Објаснил дека ќе биде отсутен една недела, дека меѓу другото ќе одат на риболов и дека ова е одлична можност за да остави добар впечаток пред шефот. Бидејќи немал доволно време да се спакува по работа, ја замолил својата сопруга да го стори тоа наместо него, нагласувајќи да ги спакува неговите нови пижами. Во истиот тој момент, жената почнала да се сомнева, но, таа одлучила да биде добра сопруга и го направила тоа што и било кажано.

По една недела, мажот се вратил дома и изгледал многу уморно. Раскажал дека ова патување било најдоброто нешто што му се случило во неговата кариера, бидејќи му се отвориле многу бизнис можности.

Жената била љубопитна во врска со сите детали од патувањето и се распрашувала за шефот. Таа прашала и за останатите соработници и како поминале на риболов.

Конечно, тој најпосле прашал: Зошто не ги спакува моите нови пижами?

Жената на тоа одговорила: Ги спакував, во кутијата со опрема за риболов.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.