Зошто не сме расположени кога надвор врне?

0

Времето може да биде сончево, ветровито, дождливо и непредвидливо, што за жал влијае на расположението кај луѓето. Начинот на кој се чувствувате секој ден може да биде дирекно врзан за временските услови, иако во сончевите денови не чувствувате дека е така.

Многу луѓе сончевите денови ги поминуваат надвор, покажувајќи повеќе кожа од претходно со цел да примат повеќе витамин Д на природен начин, што игра клучна улога во продукција на серотонинот.

Тоа е хормон кој е поврзан со зголемување на позитивното расположние,  кога луѓето се изложени на сонце. Во многу наврати се покажало како ефикасен метод во борба со депресијата и подобрување на состојбата.

Од друга страна пак, кога времето е врнежливо и сиво како денеска, луѓето имаат тенденција да бидат како него и да се однесуваат на ист начин. Немаат желба да излезат од домот, вознемирени се, не сакаат да се сретнат со други луѓе и слично.

Истражувањата покажале дека негативните чувства најмногу се појавуваат и доминираат токму на врнежливо време.

Преминот од лето- есен и есен-зима е најтрауматичен бидејќи тогаш луѓето најлошо реагираат. Истражување направено во САД докажало дека причината за депресивната состојба кај луѓето е промената на светлината која доаѓа со временските услови. Односно, намалување на светлината и денот за неколку часа.

Како што се намалува денот, така повеќе луѓе чувствуваат притисок да направат повеќе работи во текот на денот кој е кус, а имаат повеќе тешкотии да стануваат наутро.

Доколку овие денови ви влијаат на расположението, не сте единствените во светот. Лошото расположение предизвикано од времето е толку вообичаено појава што во светот има и посебен израз за него – Seasonal affective disorder (SAD) односно сезонска депресија.

Но, за среќа, во земји со клима како нашата, есента и зимата не траат долго, а со тоа ни сезонската депресија, со оглед на тоа дека имаме промена на годишните времиња. Така што ако овој ден ви е тежок, радувајте се бидејќи брзо ќе помине, утре е нов ден.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот