Зошто луѓето бираат помалку атрактивни партнери од нив?

0

Сигурно ви се случило да шетате на улица и да поминете покрај некој пар кој ќе ви го задржи вниманието од една причина – едниот од нив е преубав, а другиот никако не можете да го споите со првиот.

Си велите во себе „Добро, нели имаат очи луѓево? “

Или едниот личи на Шрек или другиот на Фиона. Каде е проблемот? Зошто луѓето бираат партнери помалку убави од нив и дали тоа го прават свесно.

Ако разговарате со вашите пријатели и го поставите ова како тема на вечерта, сигурно ќе добиете различни мислења и ставови, оправдувања за постапката, а голем дел од нив ќе ве забавуваат.

Да почнеме:

Грди се, но имаат прекрасна личност 

Ок, ова е нешто кое се дознава понатаму во врската, не на прв поглед. А за да стигнеш до тоа „понатаму“ треба нешто да те привлече. Важи и правилото дека не е сè во изгледот и дека ако некој има харизма, таа доминира. А не мислите дека харизмата ќе ја забележевте и вие кај парот кој ви „боде“ очи?

Добри се во кревет

Овде се поклонуваме – да, ова е голема причина и нема многу зборување. Ако сексот е одличен, кои сме ние да судиме..

Можеби му е љубов од детството

И ова е причина. Ако се сакале како мали, а се сретнале после долги години, нема да ја забележат разликата во изгледот, бидејќи се познаваат од деца. Кога со некого делите историја, изгледот станува небитен.

Ако имаат заеднички интереси

Сигурно кога се запознале немале никакви намери, но со текот на времето сфатиле дека можеби има простор за развој на нивниот однос.

Пари

Една од најпретпоставуваните причини зошто постојат вакви парови. Целта ги оправдува средствата, нели? Ако во еден момент некој се двоумел, штом го види блесокот на дијамантот во реалост, веднаш ќе се предомисли.

Не може да најде подобар

А зарем во денешно време можете да обвините? Луѓето после одредена возраст решаваат да се смират со првиот кој ќе наиде, бидејќи немаат енергија за ништо повеќе.

На крај, што мислите вие – која е причината за вакво тип на парови?

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.