Зошто летото е совршеното годишно време?

0

Летото е онаа сезона која ја очекуваме со нетрпение. Момците го покажуваат својот исончан тен, девојките покажуваат голи раменици и мини здолништа. Но, освен сексапилот и страста кои струјат во воздухот има уште неколку причини зошто летото е омиленото годишно време на многумина…

  • Слободно седиме на цементираните скали, без страв дека ќе настинеме од ладното или дека ќе се разболиме од промаја…
  • Ги набљудуваме ѕвездите во ситните саати. Јас и тој, гушнати и замислуваме желби…
  • Се храниме со сладолед. Сладолед за појадок, сладолед за ручек, сладолед за ужина, сладолед за вечера…
  • Се вљубуваме во нови вкусови на коктели. Ги обожаваме. Совршени се додека читаме добра книга на плажа или сме во омилениот бар со пријателките.
  • А, лубениците и дињите? Има ли нешто поубаво од тоа да вкусиш студена лубеница или диња сред жешко попладне?
  • Ладно пиво сред пеколен јулски ден! Вистинска дефиниција за лето.
  • Уличните продавачи на варена или печена пченка…
  • Песокот низ нашите прсти, погледот кон тиркизното море и јасното, сино небо…
  • Го сакаме летото поради денот кој трае долго.
  • Сите оние седенки на тераса со драги луѓе до доца во ноќта…
  • Адреналинот додека ги подготвуваме куферите за одморот…

И нека не ве разочарува моменталните временски (не)прилики. Ситно броиме до првите летни денови, а веќе овој викенд не очекуваат температури и до триесет степени. Подгответе ги сандалките!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот