Зошто кучињата секогаш се радуваат на нивните сопственици?

0

Се враќате од продавница, надвор сте биле само десет минути, отворате врата и вашето куче ви лае и ви се радува како да ве нема видено десет години… Познато, нели?

И доколку сте се запрашувале од каде доаѓа сета таа радост на кучињата, науката сега има одговор.

Американските експерти сметаат дека кучињата се радуваат од две причини, едната е поради тоа што нивните претци се волците, а другата е поради тоа што кучињата се љубопитни.

Многу време пред да станат наши миленичиња, кучињата биле многу слични со волците. Лижењето, мрдањето со опашот и скокањето кај волците е знак дека ја прифаќаат другата страна и нема да ја нападнат. Тоа е нивниот примитивен начин за искажување на емоции. Според научникот Грегори Бернс, кој ги прочува кучињата, лижењето и скокањето кај кучињата е еквивалентно со човековото ракување и прегрнување.

Од друга страна, научниците сметаат дека таквите реакции на кучињата се очекувани бидејќи тие се љубопитни. Враќањето на сопственикот дома за кучињата значи време за хранење, забава и играње.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.