Зошто колегата неработник се уште има работа?

0

Неработниците се присутни во секој колектив, а факт е и дека одлично опстануваат во сите времиња и режими. Многу често тие вработени имаат многу подобра репутација од совесните работници, тие се популарни во опкружувањето затоа што секогаш се опуштени, весели и во добро расположение. .

На крајот од работниот ден, Вие како и секогаш сте “претепани” од работа, а Вашиот колега од неработење. И додека Вие и останатите совесни работници беснеете во себе и се прашувате зошто шефовите и директорите го толерираат секојдневното “забушавање”, за плата која е можеби и поголема од Вашата, тие ги уживаат пофалбите и добрата репутација.

12596035_10153471956294151_1886598627_n

Секоја пара ја заработувате со тешка мака, работејќи ја работата која никој друг не ја сработува, си го уништувате здравјето, станувате хронично бесни и нервозни. Колегата неработник…како и секој ден времето го троши пиејќи кафе, читајќи статии на интернет, играјќи игрици, забавувајќи се на социјалните мрежи. Во текот на работното време наоѓа време и да позборува со некои колеги и колешки на кафе пауза, да зборува на телефон со пријателите, кумовите, цела потесна и поширока фамилија, да отиде во шопинг и на законската ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПАУЗА за да земе здив од прекумерното работење.

12607131_10153471956314151_553031912_n

Логично прашање е – кој од Вас двајца е попаметен? Дали колегите неработници кои не трошат енергија и нерви на работа  или Вие затоа што совесно работите и се надевате дека Вашата работа ќе биде наградена? Неработниците се присутни во секоја компанија, а факт е и дека одлично опстануваат во средината, имаат време секогаш за се освен за работа, а во текот на разговорот секогаш спомнуваат дека имаат премногу работа и дека не можат да постигнат да завршат се од своите обврски. И ако некогаш помислувате дека таквите ќе си го добијат она што го заслужуваат, брзо ќе дојдете до заклучок дека претпоставените ќе ја пофалат нивната ангажираност и ќе бидат наградени.

12571259_10153471956309151_327875970_n

Совесното работење, квалитетот во обавувањето на секојдневните обврски, Вашата ефикасност и ефективност се ресурси на кои другите профитираат. Претпоставените ги затвораат ошите пред фактот дека тие вработени воопшто не придонесуваат во колективниот успех, се прават дека не приметуваат  дека повторно задоцниле на работа и дека во текот на работното време, практично ништо и не сработиле. А, ако и нешто работеле, тоа најчесто не е добро сработено, па на ваквите личности претпоставените ништо и не им бараат, за да не направат повеќе штета одколку корист за фирмата. Најчесто овие неработници се заштитени поради нежното здравје, семејни проблеми, лоша материјална состојба поради која мораат да работат две работи, па на работното место не се доволно посветени и ефикасни.

Понекогаш претпоставените не ги интересираат поединците, важен им е само финалниот производ, па ретко кој знае дека за успехот се заслужни само мал дел од вработените, а останатите се практично вишок.

12575788_10153471956304151_1129990854_n

Време е оваа слика да се промени, работењето да се признае и почитува, а неработењето да се осуди. Не дозволувајте да ги изгубите оние вистинските, вредни и совесни вработени!

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.