Зошто францускиот е јазик на љубовта

0

Романсата најчесто се поврзува со Париз, градот на светлината. Можеби станува збор за генерализација или туристички маркетинг, но сепак тоа е општо  прифатено мислење кое на голем дел од популацијата им се допаѓа и им одговара.

Колкумина од вас имаат слушнато за пример од вашето окружување каде момчето ја побарало девојката под светлината на Ајфеловата кула во Париз, во прегратките на уметноста во Монмартр или во раскошот на Версај? Не постoи пишано правило дека францускиот е јазик на љубовта, но кога пак ќе го слушнете она “Je t’aime” макар било на филм, срцето потскокнува во истиот момент.

Ако побарате на Гугл колку пати зборовите “те сакам” биле преведни  и на колку јазици, ќе добиете резултати каде најчесто бараниот превод е на француски.

Веднаш зад него се наоѓа шпанскиот, а потоа следи рускиот, итaлијанскиот, па германскиот, а веднаш потоа англискиот јазик.

Интересно е тоа што кога луѓето зборуваат на француски јазик, обично се мисли дека кажуваат нешто романтично. Иако Французите ги сметаат за најголеми љубовџии и срцекршаци, сепак кога сте во Франција уживате во нивно друштво и нивниот галантен начин на приоѓање.

large

А на крај, неколку љубовни фрази на француски:

  • Љубов – Amour
  • Љубов на прв поглед – Le coup de foudre
  • Те сакам – Je t’aime
  • Те сакам и јас тебе – Moi aussi, je t’aime
  • Те обожавам –  Je t’adore

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.