Зошто е добро да се јаде сладолед и во студени денови?

0

Сигурно многу од вас ќе го издвојат сладоледот како омилен десерт. Млечен или овошен, во корнет или пак во семејно пакување, сладоледот е омилен десерт на сите генерации. За сладолед не постојат граници. Го сакаат подеднакво децата и возрасните. Но, со првите студени денови многумина се откажуваат од конзумирање на овој леден десерт. Иако научните истражувања го докажуваат спротивното, сепак повеќето луѓе мислат дека токму сладоледот предизвикува настинки, воспаление на грлото и дека никако не смее да се јаде кога доаѓаат студените денови.

14302418_10154030012809151_1160162323_n

Доколку досега и вие сте биле во групата на оние кои се откажувале од ова слатко задоволство, време е да го смените вашето мислење. Конзумацијата на сладолед во студените денови го препорачуваат и повеќе отколку преку лето поради температурните разлики помеѓу нашето тело и надворешната околина.

Верувањето дека сладолед не се јаде во зима е најзастапено кај родителите, мајките и бабите. 🙂

Педијатрите пак, потврдуваат дека неконзумирање сладолед во зимските денови е мит со кој сите растевме. Сладоледот не е намирница која предизвикува воспаление на грлото. До тоа доаѓа поради инфекција од вируси и бактерии а не од јадење на студена храна.

14233884_10154030012814151_208505869_o

Не постои причина сладолед да не јадеме додека сме настинати. Она што не треба да го правиме е да го јадеме замрзнат. Може неколку минути да поседи на домашна температура и потоа да се конзумира.

Сладоледот е вкусен десерт кој прави да се чувствуваме поубаво, па затоа слободно може да је јаде кога и да посакате.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар